Ајде да раскажеме приказна на поинаков начин-ДАРЕЖЛИВОТО ДРВО Previous item ЛЕГЕНДА ЗА ЧАЈОТ Next item ЧЕСТИТ ПРАЗНИК ТАТКОВИНО...

Ајде да раскажеме приказна на поинаков начин-ДАРЕЖЛИВОТО ДРВО

Преку активното читање сликовници на  децата од најрана возраст им  овозможуваме полесно да го совладаат  говорот,значењето на говорот,читањето и пишувањето.Низ  активното читање сликовници многу позитивно делуваме на нивниот социјален,емоционален и когнитивен развој.Преку сликовниците и раскажување на приказни имаме заедничко дружење преку кое и учиме.Затоа уживајте со вашите најмили во фантазијата на приказните.Оваа приказна ќе разбуди бура од емоции и кај децата и кај возрасните.

ДАРЕЖЛИВОТО ДРВО

 

Оваа прекрасна приказна да ја надополниме со неколку интересни игри.

Моето овошно дрво

Нацртајте и исечете дрво на подебела хартија во боја,направете на стеблото од дрвото квадратчиња.Потоа исечете лентички со широчина на квадратчињата.На лентите напишете бројчиња од еден до десет(според возраста може да ги напишете бројчињата на лентите на пр.кај деца до 2 год.возраст да групираат предмети два до три,лентите ќе ги напишете до три;деца од две до три год.возраст да поттикнат способности за покажување до пет сродни елементи и за броење до пет,и.т.н.)лентите напишете ги до 5 ;Нацртајте и исечете на хартија во боја по 10 јаболка,10 круши,10 сливи,или по ваша желба  некое овошј.(може да земете капачиња во боја жолтите може да ви означуваа круши и.т.н.)

  

 

Селектирање на овошјето

Децата според боја,вид и род го именуваат,опишуваат и селектираат овошјето.Потоа на раката и дланката им ставам кафеава боја и правиме отисок од дрво со гранка на бела хартија.Со прстињата допираме одредена боја и ставаме отисок од прстето кое ни означува некое вид овошје.На крај правиме споредба на која страна има повеќе и на која страна има помалку.

  

                                 

 

Секое опкружување со природата ни придонесува придобивки за здравјето,посебно дрвјата имаат голема улога,тие не заштитуваат од временските прилики,го спречуваат одронот на земјиштетоиграат важна улога за производство на кислород,ја регулираат температурата на почвата,игра голема улога во пределното уредување,земјоделството,има големо значење во градежништвото и.т.н.Затоа треба природатада,да ја чуваме,да ја негуваме,и секоја дадена можност да засадиме цвеќе,да засадиме  дрвце и да уживаме во прекрасната природа.

   

  

Предложените активности се значајни за целокупниот развој на детето како што е когнитивниот развој и збогатувањето на детското знаење  за животинскиот свет како и поттикнувањето на фантазијата .Социо-емоционалниот развој се поттикнува преку содржината за необичното пријателство.

Активностите со цртање,сечење,лепење се еден од основните начини за поттикнување на фината моторика.

Активноста е предлог на воспитувач Л.Симонова

Да завршиме со една убава песна

 

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial
Facebook