Историјат

 

colladge  Детската градинка „ Астибо “ својата дејност за згрижување, воспитание и образование на деца од 0-6 годишна возраст ја започна во далечната 1980 година како дел од тогашната модна конфекција „ Астибо “, односно како една од нејзините основни организации-ООЗТ.
За изградба на градинката свое учество дадоа сите вработени во тогашната фабрика, работејќи две години „солидарни саботи “ кои беа основа за заедничка инвестиција на тогашната Републичка Самоуправна заедница за детска заштита и модната конфекција „ Астибо “. Оваа градинка беше единствена која имаше работно време од 5,00 ч. наутро до 22,00 ч. навечер, како работното време на работниците од материјалното производство во Штип. Истата беше од отворен тип, во неа беа згрижени деца чии родители имаа потреба од градинка со ова работно време од целиот град.
Објектот располага со 3200  м2 корисна површина, 12 занимални за деца од 0-6годишна возраст  , мултифункционална сала , главна кујна, помошни кујни, перална , простории за одлагање на дидактички материјали, предни тераси за секоја занимална и странични тераси со песочници и рекреативни реквизити за децата.
Од 01.01.1998година во состав на градинката беа вклучени уште три објекти за згрижување и воспитување на деца и тоа објект „ Цветови “ во населба 8ми Ноември, објект  „ Сончогледи “  во населба Сењак и објект „ Бамби “ во населбата Баби, дотогашни градинки во состав на  предучилишната установа „ Вера Циривири Трена “. Со тоа семејството на градинките „ Астибо “ се прошири на четири објекти со капацитет од 640 деца.Воспитно-образовната работа се одвиваше според програмата за работа во предучилишните установи издадена од БРО, а од 1995 година се реализираат повеќе програми кои со својата содржина и методи на работа придонесоа во  унапредување на воспитно-образовниот процес како што се „Чекор по чекор“, „Граѓанско образование“, „Инклузивно образование“ , „ Стандарди за ран детски развој“…

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial
Facebook