Детската градинка „Астибо“ е дел од меѓународната мрежа на образовни институции во кои се споделуваат активности реализирани во природа без разлика на временските услови и земјата во која работиме. Нашата активност се реализираше со децата од 4 - 6 годишна возраст со посета на паркот Бриони при што децата собираа лисја од листопадните дрвја, плодови од истите дрвја, ги препознаваа, класифицираа, печатеа лисја, со користење на мемориски картички ги поврзуваа со припадност на лист и плод кон стебло. Најважно од сé е да напоменеме дека децата бескрајно уживаа, си играа се забавуваа и стекнаа нови сознанија за природата која не опкружува. Видоа каде расте див костен кој плод е костен, што е желад, на кое дрво му припаѓа, колку е голем листот на јавор и уште многу интересни нешта. Цртањето во природа беше ново и интересно искуство за децата . Од понудените фотографии можете да ја препознаете среќата и задоволството од реализација на активноста во природа.