Ветрот како природна појава е многу чест во нашиот град. Кога е студен не е пријатен , но пролетното ветре е топло и не кани на игра. Ајде да си поиграме со ветрот, да направиме интересна играчка ЗАЕДНО со нашето дете.
-Што прави ветрот?
Заедно со детето изработете играчка од картон и хартија во боја. Детето нека исече ленти од хартија и истите залепете ги на цилиндарот од картон. Поставете ја играчката спроти ветрот и набљудувајте како се движат лентите од хартја. Разговарајте за ветрот, чувството кое го дава на детското лице.
-Вртелешка на ветрот
Една од многуте играчки кои го привлекуваат детското внимание се вртелешките. Истите може да се купат, а можат и да се изработат. Поставете ја свртена кон ветрот и набљудувајте како ветрот ја движи. Променувајте ја положбата и набљудувајте што се случува, во кој момент се движи вртелешката ,а во кој момент стои. Да си играме ветре. Детето нека ја земе вртелешката и трчајки нека си игра ветре. Ќе ужива и во движењето на своето тело и во движењето на вртелешката. Сега детето е ветре. Ајде сега да дуваме со устата како ветре. Дуваме кон вртелешката и таа се врти, побрзо и поспоро.
Да пробаме како ќе создадеме ветре со нашата уста. Да научиме да дуваме како тивко или силно ветре. Контролата на експириумот и можноста за движење на мускулатурата на лицето се основен предуслов за развој на говорот, правилна артикулација и говорното изразување. Преку интересни игри ЗАЕДНО со нашето дете да го вежбаме јазикот, образите ,мускулите на лицето. Еве неколку предлози од нас за вас. Погледнете ,играјте, уживајте.
-Балони, балони, балони......
Во чаша сипете малку прехрамбена боја, течност за миење садови, вода.Дадете му на детето цефка и нека почне да дува. Внимателно објаснете му на детето дека смее само да дува ,а не и да повлекува воздух.Набргу чашата ќе се исполни со балоби во бојата. Дозволете и на балоните да ја прелеат чашата па уживајте во нивната боја,форма, убавина.
-Пренесување меки топчиња
Пред детето ставете два сада. Во едниот ставете меки мали топчиња(пом-пом топчиња). Дадете му на детето пластична цефка со помош на која тоа ќе ттреба да ги пренесе топчињата од едниот сад во другиот. Покажете му на детето како да го земе топчето(повлекувајки воздух низ цевчето) како да го пренесе икако да го пушти во другиот сад. Пренесените топчиња избројте ги, разговарајте за нивната боја, нивната големина.
-Музички игри
Доколку имате играчки-музички инструменти (дувачки)поттикнете го детското музицирње. Уживајте во музицирањето, збогатете го со песна и игра. Задоволството ќе биде безгранично.
-Ајде да вежбаме
Јазикот е мускул кој како сите други мускули за да е посилен треба да се вежба. Овие вежби на детето сигурно ќе му се интересни. Движете го јазикот лево, десно, горе, долу. Направете намуртено лице, отворете уста,затворете уста....
-Прв до целта
На подот со леплива трака направете стази за натпревар. Земете лесни топчиња ( може и стуткана хартија) ,и поставете ги на почетокот на стазата. Детето треба да дува низ цевче и на тој начин да го води топчето кон целта. Победник е детето чие топче прво ќе стигне до крајот. Дадете му на детето различни топчиња и разговарајте кое топче е полесно да се дува а кое потешко.
-Глуварче
Овој цвет го има насекаде. Кога ќе го сретнете повторно ,скинете го и поттикнете го детето да го дувне. Белите „снегулки„ ќе се разлетаат насекаде околу вас.
-Телефон???
За оваа игра ви требаат две пластични чаши и малку подебел конец. На двете дна од чашите направете дупчиња низ кои ќе ја протнете врвцата и со помош на која ќе ги поврзете. Добивме „телефон“. Играјте со детето ,зборувајте и слушајте. Внимавајте и забележете како се пренесува звукот.
-Секое топче на своето место
Земете една кутија и истата обложете ја со хартија. Нацртајте и исечете три отвори на истата. Над секој отвор напишете број од еден до три. Користете три различни бои. Земете топчиња со истите бои и една пластична цефка. Детето ќе има задача дувајки во цевчето секое топче да го издува до неговото место. Портокаловото топче до портокаловата порта и број. Разговарајте за броевите и боите. Кое топче најбрзо стигнало до своето место.
-Балони и геометриски форми
За оваа игра ви се потребни било каква мека жица и средство за миење садови. Од меката жица обликувајте стапчиња за дување балони во вид на геометриски форми(круг,триаголник,правоаголик,квадрат). Наполнете еден сад со мешавина од вода и средство за миење садови. Прашајте го детето која форма сака да ја зме. Именувајте ги формите и дувајте балони. Балони само балони,безгранична забава за деца.
Сите овие игри за главна цел имаат поттикнување на развојот на мускулите на лицето и јазикот како основа за развојот на говорот.Преставуваат поттикнувач на целокупниот моторен развој.
Секоја активносте поттикнувач на когнитивниот развој-стекнување на знаења за ветрот, формите, движењата.
Позитивните емоционални доживувања се основа за правилен социо-емоционален развој.