Игрите на отворено се игри кои носат многу придобивки за детскиот развој а децата навистина ги сакаат.За следните игри ви е потребно само креда, вода, дел кој е асвалтиран или поплочен и желба за игра која на децата никогаш не им недостасува.
1.ЗЕМЈЕНО ПИКАДО
На земјата нацртајте неколку концентрични кругови. Секој од круговите означете го со одередена вредност. Обележете место од кое децата ќе фрлаат каменчиња кон пикадото обидувајки се да освојат поени. ЗАЕДНО со детето собирајте ги поените. Победник е детето со најголем број на освоени поени.
2.СЛЕДИ ЈА ЛИНИЈАТА
Нацртајте кривулеста линија. Линијата може да ја оформите во вид на црв, гасеница. Децата нека се движат по неа на различни начини, со мали чекори,скокајки, нога пред нога. Може да го мерите времето за кое детето ја изминува линијата.Ова е добар предлог за натпревар помегу децата.
3.ПОЛИГОН СО ГЕОМЕТРИСКИ ФОРМИ
На асфалтот нацртајте геометриски фигури-триаголници, кругови, правоаголници, квадрати. За секоја од геометриските форми смислете одреден вид на движење. Пр. На кругот скокаме на лева нога. На триаголникот скокаме со кренати раце. Организирајте заедничка игра. Едно дете нека кажува како да се движи децата. Менувајте ги улогите. Пр. Оди на круг па на триаголник. Сите внимаваат дали детето кое игра ги прави соодветните движења на геометриската форма.
4.КЛИН ПЛОЧКА
Оваа игра сите ја знаеме па може прво ние да им ја покажеме на децата. Играјте ЗАЕДНО со децата и уживајте во моментите на заедничка среќа. Со креда цртаме клин плочка. Може да ја нацртаме на различни начини со различен број на полиња.Секое поле го означуваме со број. Земаме плочесто камче и почнуваме со играта. Плочката ја фрламе кон одредено поле, скокаме врз полињата, на крајот се обидуваме да ја поместиме плочката.
5.МАПА
ЗАЕДНО со детето на асфалтот обидете се да нацртата мапи на движење. Може да го нацртате патот од дома до градинката или од градинката до баба. Нацртајте ги битните обележја кои ги среќавате кога се движите по патот (училиште, амбуланта, полициска станица). Движете се по мапата и разговарајте за поминатиот пат. Пр.Овде мора да свртиме лево ,десно. Сега одиме право. Погледни стигнавме до училиштето.
6.ПОВРЗУВАЊЕ ТОЧКИ(ТОЧКА ДО ТОЧКА)
Едноставна игра на спојување на точки одиграна на малку поинаков начин. На асфалтот со креда нацртајте контура на одреден предмет со точки. Детето нека ги поврзе точките за да го открие скриениот цртеж.
7.СЛИКАЊЕ СО ВОДА НА АСФАЛТ
За оваа игра ви е потребен сад со вода и широки четки. Детето нека црта по своја желба . Дозволете детската креативност да ве изненади.
Активноста е предлог на воспитувач Д.Б.Кировска
Овие игри се од огромно значење за моторниот развој на децата,особено за развојот на крупната моторика и способноста за одржување на рамнотежа. Се овозможува поттикнување на координацијата на движења на телото,деловите од телото како и координацијата око-рака. Заедничкото дружење го поттикнува социо-емоционалниот развој, како и натпреварувачкиот дух.Самоиницијативноста и самодовербата исто така се поттикнуваат со заедничките игри.
После игровен ден една разиграна песна