СВЕТСКИ ДЕН НА ШТЕДЕЊЕ

Во посета на банките НЛБ - Тутунска банка и Шпаркасе банка, беа децата од голема група од објект „Сончогледи“ за да им го честитаат Светскиот ден на штедењето. Децата со своите воспитувачки го прифатија повикот на НЛБ - Тутунска банка да ги дадат своите цртежи кои ќе послужат за донација на средства за детската клиника во Скопје. Почитувани родители покажете им на децата со личен пример дека и штедењето на струја - да не свети светло каде што нема потреба, да не капи чешмата во домот, да се реупотреби омалената облека, значи заштеда на пари за семејството. Учете ги децата дека скромноста е благородна особина а не мана. Благодарност до банките кои на големо задоволство на децата за посетата им обезбедија подароци.

Контактирајте нé

Contact Form Demo (#1)
Детска Градинка Астибо © 2024 All Rights Reserved
chevron-down