ТАНЦОТ НА СНЕГУЛКИТЕ

ТАНЦОТ НА СНЕГУЛКИТЕ

Во овој момент кога надвор паѓа снег, идеално е да направите снегулки заедно со вашето дете.  Големината на снегулките треба да биде различна , односно големи и мали. Ставете ги во сина ќеса која треба да претставува облак.

На подот поставете ( нацртајте ) два круга – голем и мал, пуштете музика и во еден момент отворете ја ќесата со сина боја и кажате му на детето  „ Паѓа снег“. Детето треба да фаќа снегулки и големите снегулки да ги стави во големиот круг, а малите снегулки да ги стави во малиот круг.

Потоа може да ги броите снегулките и да споредувате од кој вид има повеќе или помалку снегулки, а можеби ист број на снегулки од двете големини.

Детето може да танцува на пријатните звуци од музиката со снегулките во рака.

https://www.youtube.com/watch?v=AA7vKLWAc6Y

Потребни материјали  –

снегулки од хартија големи и мали, штипки, сина ќеса, аудио ЦД: „Танцот на снегулките“. наш предлог https://www.youtube.com/watch?v=DOPyCWTM5-w

Со оваа активност кај децата го поттикнувате развојот на моторен развој со играње на музика, фаќање на снегулките,

фината моторика – со сечење и лепење на снегулките,

когнитивен развој – формирање на математички поими и релации, бројни количини,

социо-емоционален развој – соработка со возрасни лица, истрајност, насочено внимание,

говорот – со правилно именување на поимите, формите, раскажување на приказна за снегулките и тн.

Оваа активност е реализирана со децата од групата на воспитувачките Б.Атанаскова и Б.Урошева

За децата до 4 години може да направите снегулки од тесто – пластелин, големи и мали ,да ги распоредите во некој сад на една страна големите снегулки, а на друга страна малите снегулки или пак по ваш избор,

Slikovni rezultat za homemade rainbow dough

Рецепт за изработка на домашен пластелин :

  • 1 чаша брашно
  • 1/4 чаша сол.
  • 3/4 чаша вода
  • 3 лажички сок од лимон
  • 1 лажица масло
  • прехранбена боја

На хартија нацртајте снегулка, а детето нека кине или сечка неправилни форми од хартија а подоцна нека ги залепи врз нацртаната форма од снегулка.

На хартија нацртајте форма на снегулка и врз линиите ставете лепило, а детето нека зема гриз или друг вид на семе – пр. ориз , и нека го става над лепилото. Откако ќе се зацврсти лепилото и гризот, вишокот се собира и останува формата на снегулка.

Со овие активности кај децата се поттикнува развојот на

фината моторика на дланката со сечење, лепење на елементи,сензомоторниот апарат со користење на различни материјали за работа со различна цврстина и текстура,

говорот со збогатување на речникот со нови поими и изрази со именување на материјалите кои се користат,

социо - емоционалниот развој- канализирање и контролирање на емоциите , фокусирање на вниманието, истрајност во извршување на задачите,

когнитивниот развој – стекнување на математички поими за релација, класификација,

Овие активности се реализирани со децата од групата на воспитувачките К.Трајкова и С.Вујовиќ

Не заборавете – дружете се и играјте заедно со своето дете, покажете му љубов и трпение, ќе ви биде благодарно.

Контактирајте нé

Contact Form Demo (#1)
Детска Градинка Астибо © 2024 All Rights Reserved
chevron-down