Детската игра секогаш создава креативни и различни форми и фигури од материјалите со кои си играат. Сетете се на замоците,формите, животни кои сте ги граделе од песок.
Можеби изборот за игра биле камчиња, дрвца, ливчиња.
Сето тоа во светот на уметноста се нарекува уметност од природни материјали LAND ART , притоа се создаваат многу интересни уметнички дела, кои за жал не може да се сочуваат долго време, заради влијанието на природата.
Ние вака се забавувавме и направивме уметнички дела од природни материјали.
Сега ве покануваме вас да направите нешто од материјалите кои можете да ги најдете во дворот, бидете мали уметници . Уживајте и забавувајте се.
Активностите имаат свое влијание на целокупниот детски развој.Ја поттикнуваат детската креативност .Манипулирањето со различни материјали го поттикнува развојот на крупната и ситната моторика.Се овозможува збогатување на тактилното искуство.Се учат различни текстури.
Секоја активност е нова можност за збогатување на детскиот речник со нови зборови и усвојување на нови знаења.
Активноста е предлог на воспитувач Д.Б.Кировска
Да го збогатиме ова уметничко искуство со убава песна.