На големото дрво цреша се родија многу цреши.Најпрво тие беа зелени, но сонцето ги топлеше и ги галеше , па тие почнаа да ја менуваат бојата, да црвенеат. Меѓу нив имаше и две цреши како обетки, многу немирни. По цел ден се нишаа и си играа со листовите. Кога црешите добија убава црвена боја , чичо Коле реши да ги набере. Но двете цреши како обетки сакаа да останат на дрвото, а не да бидат набраани и продадени на пазар. Тие се скрија зад листот , па така чичко Коле не ги виде за да ги набере. Кога си ја наполни кошницата со цреши, тој побрза да ги однесе на пазар и да ги продаде за да можат мајките да направат пита со цреши за своите деца.
Останаа двете цреши сами на дрвото и беа среќни што се спасијаа од рацете на чичо Коле. Но, како што минуваа деновите , на црешите им беше многу здодевно. Сонцето се посилно грееше, а тоа воопшто не им се допаѓаше. Сонцето ги изгоре , па тие не беа убави како порано.
Еден ден дувна силен ветер и црешите паднаа на земјата. Тогаш тие почнаа да тагуват.
-Колку згрешивме што не му дозволивме на чичо Коле да не скине и да не продаде на пазарот. Со нас некое дете ќе с сладеше и ќе не фалеше колку сме убави, сочни и благи. А вака исушени никој нема да не сака, ќе скапеме на земјата.
Тогаш помина една мравка и кога ги виде црешите многу се израдува.
-Ех, колку убави цреши! Ќе ги повикам и другите мравки да ми помогнат да ги однесеме во нашата куќичка.
Така и направија. Мравките ги однеса црешите во нивната куќичка и убаво се најадоа.
Автор-Катица Трајкова
Цреши како обетки Да ја продолжиме со ликовно уживање.За ова ви се потребни
-лист од блок
-молив
-лепак
-гриз
-водени или темперни бои
-четка
На лист хартија нацртајте цреши.Детето нека нанесе во внатрешноста на контурата лепило,а одозгора наросете гриз. Оставете да се исуши.Откако ќе се исуши лепокот ,детето нека ги обои црешките .
Вкусна трка- Децата сакаат да се натпреваруваат и да победуваат. Во оваа вкусна трка сите деца се победници.За играта ќе ви бидат потребни листови од хартија или гумирани подлоги и се разбира наградата-чинија со вкусни цреши.
Во оваа игра можат да учествуват најмалку две деца. За секое дете има два листа хартија или гумирани подлоги . Децата стојат на едната подлога а другат стои позади детето. На даден знак децата ја започнуват играта така што листот(подлогата) што стои позади нив ја земаат , ја стават пред себе надоврзувајки ја на подлогата на која веќе стојат, застануват на него и продолжуваат да ја повторуваат постапката се до целта. Детето кое ќе стигне прво до целта е победник а наградата заслужено е заедничка.
Црешите се многу сочни и вкусни. Можеме да ги јадеме свежи , но и да подготвиме колач со нив. ЗАЕДНО со децата подгответе колач со цреши.Дозволете им на децата да ви помогнат, тие тоа го сакаат Дозволете им да ги измијат црешите, да им ги извадат семките да ги наредете во тавчето.
На слаткото уживање ќе му се радуваат сите.
Со ова слатко уживање , една убава песна песна е вистинско задоволство за секој
Активноста е предлог на воспитувач К.Трајковска