Почитувани родители, во пресрет на 1ви Април, ден на шегата, ви предлагаме да направите домашна забава на која секој ќе биде јунак на својата фантазија.
За да им објасните на децата зошто треба да останат дома, да не одат во градинка, да не одат во игротека, ви предлагаме да им ја прочитате – адаптирате приказната која е во прилог. За таа цел, можете да подготвите костим за џуџе – за вашето дете и костим за мајката – дрво, која може да биде било кој лик пример Снежана.
На крајот заедно со детето може да ја драматизирате содржината, детето да ја прераскаже – илустрира преку цртеж, или почитувајте го интересот на детето, неговата фантазија.
Малото џуџе кое мораше да остане дома
Од Сузан Пероу – Март 2020
Оваа приказна е напишана за мали деца (се препорачува од 3-5 години) кои треба да останат дома поради моменталната Ковид-19 пандемија или деца чија слобода е видно изменета (пр. Можеби можат да одат на училиште, но не можат да присуствуваат на специјални собири, фестивали, забави или настани). Песната на крајот е оставена отворена за наставници или родители да додадат повеќе стихови со идеи на децата. Приказната може да биде променета/уредена за да одговара на различни ситуации – пр. Мајката дрво може да биде татко, баба или дедо дрво, или можеби ќе сакате да се изостави делот за „школо за џуџиња“. Главниот лик би можело да се промени (пр. наместо приказната да биде за џуџе, може да биде за глувче заглавено во својата мала куќа, или птица која мора да остане и да одмора во гнездото).
///
Малото џуџе беше збунето.
Зошто мора да остане дома?
Зарем не знаат сите колку малите џуџиња сакаат да шетаат!
Не можеше да оди во училиште за џуџиња, не можеше да игра со своите пријатели во шумата и неговите пријатели не можеа да го посетуваат.
Малото џуџе беше заглавено во својот дом во дрвото.
Барем можеше да набљудува од својот прозорец, низ камењата и корењата на дрвото. Беше изненаден што има толку многу да се види. Малите мравки брзаа, светло обоените бубачки одеа нагоре надоле по паднатите лисја, додека пак зајаците со висечките уши скокаа во и надвор од нивните дупки.
Но, дури и со сето ова кое можеше да се набљудува, малото џуџе стануваше нетрпеливо. Зошто мораше да остане дома? Нему не му имаше смисла тоа што не може да шета.
Тогаш Мајка дрвото му прошепоти:
„Нештата не се онакви какви што беа, но верувај ми, набргу ќе бидеш повторно слободен, верувај ми, верувај ми.“
Малото џуџе знаеше длабоко во своето срце дека секогаш може да ѝ верува на Мајката дрво.
Мајката дрво ја содржеше мудроста на целата шума!
Мајката дрво знаеше сè. Птиците и ветрот беа нејзини пријатели и гласници.
Тие ја посетуваа секој ден, споделувајќи ги со неа новостите за големиот и широк свет.
Малото џуџе можеше да ги слушне птиците кога доаѓаа. Можеше да ги слушне како пеат високо на гранките на Мајката дрво.
Малото џуџе можеше да види кога ветрот доаѓаше. Можеше да ги види гранките како се нишаат наваму натаму. Понекогаш мораше и да го затвори својот прозорец, за да се заштити од листовите и прашината предизвикани од овој немирен пријател.
Секој ден Мајката дрво продолжуваше да му шепоти:
„Нештата не се онакви какви што беа – но верувај ми – набргу ќе бидеш повторно слободен, верувај ми, верувај ми.“
Па малото џуџе мораше да ѝ верува и мораше да чека. Знаеше дека наскоро ќе биде слободен, за повторно да шета во убавата шума.
А додека чекаше, беше изненаден колку многу работи можеше да ги прави во својот мал удобен дом во дрвото.
Малото џуџе може да игра
Малото џуџе може да пее
Малото џуџе може да црта и бои
И да прави салто преку подот.
Малото џуџе може да игра
Малото џуџе може да пее
Малото џуџе може да чисти и да готви
И да се опушти со сликовница.
Малото џуџе може да игра
Малото џуџе може да пее
Малото џуџе може да …………………….
И да ………………………….
Малото џуџе може да игра
Малото џуџе може да пее
Малото џуџе може да …………………….
И да ………………………….
Малото џуџе може да игра
Малото џуџе може да пее
Малото џуџе може да …………………….
И да ………………………….
////
Малото џуџе кое мораше да остане дома
Малото џуџе дома да остане мораше!
Тој со своите другари да си игра не можеше,
И да шета не смееше.
Беше заглавен сам,
Во својот дом во дрвото.
Зарем не знаеа сите
Колку малите џуџиња сакаат да шетаат!
Мајката дрво шепотеше... „Слушни ме,
Нештата не се онакви како што беа,
Но верувај ми, набргу ќе бидеш повторно слободен“.
Малото џуџе знаеше
Дека може да ѝ верува на Мајката дрво.
Мајката дрво беше многу мудра.
Па малото џуџе мораше да ѝ верува,
И трпеливо да чека да биде слободен!
Високо на Мајката дрво
Птиците пееа ведро,
А ветрот во круг дуваше,
И секој ден пораки носеше,
Од многу многу далеку.
На дното на дрвото,
Во својот дом во грутчестото дрво,
Малото џуџе беше зафатено
Наоѓајќи многу работи за правење...
Кои можеш да ги правиш и ти!
Малото џуџе може да игра
Малото џуџе може да пее
Малото џуџе може да црта и бои
И да прави салто преку подот.
Малото џуџе може да игра
Малото џуџе може да пее
Малото џуџе може да чисти и да готви
И да се опушти со сликовница.
Малото џуџе може да игра
Малото џуџе може да пее
Малото џуџе може да …………………….
И да ………………………….
///Забелешка: одлучив да ја напишам оваа приказна со „пресликувачка“ структура. Приказната ја одразува моменталната ситуација и се проширува со слики кои помагаат да се сподели пораката која е премногу силна за да им се соопшти директно на малите деца. Не би ветила временска рамка, бидејќи тоа би било неодговорно, со оглед на тоа што никој тоа не го знае од овој аспект. Целта на приказната е да се охрабри прифаќањето на моменталната состојба на „социјално дистанцирање“, како и да се мотивираат децата да пронајдат активности кои можат да ги прават во домот и да уживаат во истите.
За секој кој не е запознаен со „медицинска приказна“, приказните можат да помогнат да се движите низ емоциите кои се поттикнати од различни видови на загуба или предизвикувачки ситуации. Со прифаќање, наместо одбивање на вистината, облекувајќи ги во ткаенината на имагинацијата, приказните можат да помогнат во процесот на ткаење на вистината во секојдневниот живот, особено кај малите деца.
Аутор: S u s a n P e r r o w © 2 0 2 0 – w w w . s u s a n p e r r o w . c o m
“The Little Gnome Who Had to Stay Home”
Превод: Ели Хаџистојанова