Почитувани родители ,

започна запишувањето на децата за престој во детската градинка „ Астибо“ .

За сите информации повелете во просториите на ОЈУДГ

„ АСТИБО“

Списоците со примени деца може да ги погледнете на следниот линк

https://detskagradinkaastibo.mk/dokumenti/zapisani-deca-2022-2023/

Почитувани родители,

ова е местото каде ќе може да ги следите видео-записите од активностите и настаните на децата од ОЈУДГ „Астибо“- Штип

https://www.youtube.com/channel/UCJZZoQnbbsq64LUoDM0csFw/videos

Градењето куќа започнува со ставање на цврсти темели кои ќе бидат во можност да ја издржатголемината и тежината на конструкцијата за да биде стабилна во текот на долги години.Но, не е доволно само да изградиме куќа, туку од неа треба да направиме дом , а за тоа е потребно да вложиме многу љубов, истрајност, посветеност.Така и кај децата учењето, воспитанието и образованието,се процеси кои започнуваат од моментот кога детето доагана овој свет и траат во текот на целиот живот. Ако целата своја љубов која која произлегува од срцето, енергијата, посветеноста ја насочиме и им ја дадеме на децата за кои се грижиме, тогаш цврстите темели поставени во најраната возраст ќе им овозможат на децата можност за надградба, дополнување, проширување, унапредување на вештините, способностите, знаењата низ и преку игра, запознавајќи ја математиката која е насекаде околу нас.

За унапредување и надградување на вештините во реализација на воспитно-обазовните содржини, дел од авторите на прирачниците кои се дел од тимот на нашата установа, несебично ги споделија знаењата и искуствата од применетите активности со своите колешки воспитувачки .

Ова е нашиот подарок за градот и вработените од детската градинка ОЈУДГ „ Астибо“ Штип. Прирачници за воспитувачи и родители на деца од 2 - 4 години и 4 - 6 години „ МАТЕМАТИКА НИЗ ИГРА, ЗБОР И РАЗГОВОР“ од авторите: Елизабета Симобовска, педагог, Магдалена Стојанова, дефектологЈасминка кукушева, дипломиран воспитувач,Катица Трајкова, дипломиран воспитувач,Цветанка Наковска, дипломиран воспитувач, проф. д-р Снежана Мирасчиева,проф. д- р Снежана Јованова Митковска.Рецензенти:проф. д-р Емилија Петрова ЃорѓеваБилјана Трајчевска, дипломиран проф. по предучилишно воспитание,и сето ова спакувано и издадено од издавачката куќа Просветно дело од Скопје.

Почитувани родители,

донесете ги Вашите деца на дружба, забава и игра со другарчиња.

Во нашата установа децата ќе добијат:

И сето тоа за 599,0 денари месечно.

Пријавите се доставуваат по електронски пат

или во просториите на детската градинка „ Астибо“, од 13,00 - 15,00часот.

Побрзајте, капацитетот е со ограничен број на деца.

Да се биде дел од тим кој постојано оди напред,постигнува резултати во унапредувањето на воспитно-образовната работа во предучилишното воспитание е голема чест и одговорност. Дел од нашиот тим-стручната служба е педагогот Елизабета Симоновска , добитник на признанието Стручен работник на годината за 2020/21 година кое го доделува Сојузот на просветни работници и МОН.

Почитувани родители, во прилог се списоците на новопримени деца:

Контактирајте нé

Contact Form Demo (#1)
Детска Градинка Астибо © 2024 All Rights Reserved
chevron-down