[dflip id="2835" ][/dflip]

По повод реализираната донација од амбасадата на Јапонија во детската градинка „Астибо“, објект „ Цветови“, децата низ повеќе активности се запознаа со традицијата, културата, обичаите на Јапонија и Македонија. Храната , спортот, народната музика, ракотворбите беа дел преку кој ги доближивме вредностите на народите на двете држави. На тој начин им укажуваме почит и голема благодарност на јапонскиот народ и претставниците на амбасадата на Јапонија, за подобрените услови за престој на децата во градинката. За жал пандемијата ги спречи децата лично да се заблагодарат со подготвените активности. Веруваме дека соработката ќе продолжи и ќе имаме можност повторно да бидеме домаќини на драгите гости.

Нема достапен опис
Нема достапен опис
Нема достапен опис
Нема достапен опис

Почитувани родители,

во прилог се списоците на новопримени деца

                                        ОБЈЕКТ „АСТИБО“

НОВОПРИМЕНИ ДЕЦА РОДЕНИ 2019 година

Име татково име  Презиме               

  1. Марија Славче Владимирова
  2. Максим Антонио Чамушев
  3. Нино Николче Ласков
  4. Максим Иван Спасевски
  5. Марио Оливер Пешовски
  6. Анџело Николче Јосифов
  7. Васја Филип Гогова
  8. Лука Виктор Панов 02.2020-11.2020       
  9. Бојан Васе Арсов 09.2019
  10. Јован Александар Крстевски 01.2019
  11. Христијан Бобан Стојанов 04.2020-02.2021       
  12. Глорија Маја Арсова 02.2019
  13. Божица Трајче Гогова 07.2019
  14. Бојана Ангел Цветановска 08.2019
  15. Михаела Нацева

НОВОПРИМЕНИ ДЕЦА РОДЕНИ 2018 г

  1. Никола Новит Ристов
  2. Срна Зоран Иванова
  3. Матео Стефче Стефановски
  4. Каја Александар Гаврилова
  5. Борис Виктор Ѓоргиевски
  6. Ема Александар Сајова
  7. Кирил Иле Коцев

НОВОПРИМЕНИ ДЕЦА РОДЕНИ ВО 2017г

  1. Тони Кљајиќ
  2. Василиј Крумислав Ѓоргиев
  3. Давид Петар Милев
  4. Сара Јовица Златановска
  5. Алексеј Бобан Попташев

НОВОПРИМЕНИ ДЕЦА РОДЕНИ 2016г

  1. Антонио Тоше Нацев
  2. Давид Игор Милев
  3. Наазан Јашарова

НОВОПРИМЕНИ ДЕЦА РОДЕНИ 2015г

  1. Меланија Ќљајиќ

ОБЈЕКТ „ЦВЕТОВИ“

Новопримени деца родени 2019 година

  1. Марио Александар Јанев
  2. Матеј Дејан Нацев
  3. Андреа Бобан Бошкова
  4. Вера Дејан Крстев
  5. Јован Бобан Велков

Новопримени деца родени 2018 година

  1. Борјан Ангел Димитров
  2. Ангела Александар Антониевски

Новопримени деца родени 2017 година

  1. Делфина Златко Џонова
  2. Горјан Борче Ѓеоргиевски
  3. Теа Давор Наумова

Новопримени деца родени 2016 година

Ана Игор Иванова

Максим Срџан Руждиќ

Новопримени деца родени 2015 година

Мартин Сашо Трајчев

ОБЈЕКТ„ СОНЧОГЛЕДИ

Новопримени деца родени 2019 година

1.Јоан Ангеле Михајловски

2.Матеј Роберт Павловски

3.Викториа Стојче Стоичев

4.Петра Емил Бикова

5.Нурај Јашар Јакуп

6.Алиџан Тајфур Реџепов

7.Виктор Дарко Митев

8.Теодора Зоки Коцева

9.Емили Ристе Петешева

Новопримени деца родени 2018 година

1.Михаела Коце Колева

2.Каја Мишко Јакимовска

3.Лена Гугуљанова

Новопримени деца родени 2017 година

1.Белинај Ербил Демиров

2.Теодор Стојанче Стојанов

3.Јована Дејан Донева

Новопримени деца родени 2016 година

1.Борјан Гоце Костадинов

2.Меланија Јованче Радева

3.Христијан Зоран Ристов

Новопримени деца родени 2015 година

1.Азал Али Азирова

ОБЈЕКТ   „БАМБИ“

Новопримени деца родени 2019 година

  1. Ненад Иле Стојанов
  2. Матеј Дејан Јовчевски
  3. Бојан Иван Андонов
  4. Војдан Никица Здравков
  5. Нина Ристо Трајчева
  6. Марио Ѓоко Ѓоргиев
  7. Жан Арсов

Деца родени 2018 година

  1. Новак Марковски

деца пријавени во објект„ Бамби “со можност за прием во објект„Сончогледи“

ВО ОБЈЕКТ „Сончогледи“

Матеј Дејвид Маневски

Дорис Душко Детлов

  ОБЈЕКТ  „ВИНОЖИТО“

Новопримени деца родени 2019 година

  1. Алексиа Борче Стефановски
  2. Есра Ерол Едипова
  3. Нурај Јашар Јакуп
  4. Ника Дарко Живкова
  5. Михаела Љупче Јованова
  6. Теа Мартин Трајанова
  7. Новак Дени Јанкулов
  8. Синиша Жарко Милев
  9. Стефани Драган Михајлов
  10. Миа Дамјан Арева
  11. Анела Сребренов
  12. Андреј Коцев
  13. Зорана Кирова
  14. Максим Виктор Гаврилов
  15. Лина Ненад Лазаров
  16. Матеја Илија Митрова

Новопримени деца родени 2018  година

  1. Даријан Дарко Герасимов
  2. Јована Ненад Петрушев
  3. Ахмет Џан Левент Сулиманов
  4. Јусуф Јунеш Јашарев
  5. Филип Далибор Мишев
  6. Лана Цебов
  7. Дино Мицевски

Новопримени деца родени 2017 година

  1. Јаков Ристе Серафимов
  2. Анџело Александар Данилов
  3. Јована Марјан Десподовска
  4. Јован Спасовски
  5. Спасиќ Иво

Новопримени деца родени 2016 година

  1. Мартијан Петре Горгиев

Новопримени деца родени 2015 година

  1. Перзат Султан Демирова

ПОТРЕБНИТЕ  ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА ДЕТЕТО ВО ГРАДИНКА КОИ ТРЕБА ДА ГИ ПОСЕДУВАТЕ СЕ :

  1. ПОТВРДА ОД МАТИЧЕН ЛЕКАР ЗА ЗДРАВСТВЕНАТА СОСТОЈБА НА ДЕТЕТО;
  2. ПОТВРДА ЗА УРЕДЕН ВАКЦИНАЛЕН СТАТУС НА ДЕТЕТО;
  3. ИЗВОД ОД МАТИЧНА КНИГА НА РОДЕНИТЕ НА ДЕТЕТО – ДА СЕ ДОНЕСЕ САМО НА УВИД
  4. ДОСИЕ ЗА ДЕТЕ – ПОПОЛНЕТО ОД РОДИТЕЛ И МАТИЧЕН ЛЕКАР
  5. ПОТВРДА ОД ДВАЈЦАТА РОДИТЕЛИ ДЕКА СЕ ВРАБОТЕНИ ; - ПРЕЗЕМЕТЕ ОД ВЕБСТРАНАТА НА ГРАДИНКАТА
  6. ПОПОЛНЕТА ИЗЈАВА ОД РОДИТЕЛ; - ПРЕЗЕМЕТЕ ОД ВЕБСТРАНАТА НА ГРАДИНКАТА
  7. ВО ПРОСТОРИИТЕ НА ГРАДИНКАТА ЌЕ ГИ ДОБИЕТЕ ОСТАНАТИТЕ ДОКУМЕНТИ ПОТРЕБНИ ЗА УПИС
  8. ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДОНЕСЕТЕ ГО И ВАШЕТО ДЕТЕ ПРИ ЗАПИШУВАЊЕ ВО ГРАДИНКА ПОЧИТУВАЈЌИ ГИ СИТЕ МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА

Во прилог се:

Со почит,

од тимот на ОЈУДГ „Астибо“Штип

Во основата  на изршувањето на секојдневните активности и задачи во кои го користиме нашето тело  иако навидум од нас не бараат голем напор  во својата основа имаат високо функционални процеси на ниво на централниот нервен систем.Еден од нив е и сензорната интеграција.Таа ни овозможува да ги разбереме дразбите кои доагаат од надворешниот свет но и од внатрешноста на нашето тело.Секојдневно детето гледа,допира,мириса и е преплавено со безброј сетилни дразби кои треба да ги осознае за да може на правилен начин да изреагира на нив и на тој начин да креира адаптивно однесување во својата околина.

Првиот контакт кој детето го остварува со надворешниот свет се базира на неговите сетила и дразбите кои неговиот сензорен систем ги прима. Детето уште додека е во мајчината утроба почнува да чувствува одредени дразби.Тоа може да ја почувствува мускулната напрегнатост на мајката и реагира на истата.Токму поради тоа веднаш после раѓањето на новороденчето смирувачки делуваат оние дразби кои го потсетуваат на неговите првични искуства  како што биле движењето на плодовата вода,шумот на вода,ритмичко отчукување на срцето. Смирувачки на новороденчето делува и мирисот на неговата мајка бидејки тоа е првото чувство по кое тоа ја распознава од другите луѓе од нековата околина.

Нашиот сетилен апарат го сочинуваат

-сетилото за вид

-сетилото за слух

-сетилото за допир

-сетилото за мирис

-сетилото за вкус

Vector Human Five Senses Set Hand Stock Vector (Royalty Free ...

Сензорното искуство се надополнува со функционирањето на

-  Проприорецепторите- рецептори кои се  сместени во мускулите и зглобовите и кои ни даваат информации за поставеноста на деловите од нашето тело.

-  Вестибуларниот апарат-рецептори кои се наогаат во каналчиња на   внатрешното уво кои се исполнети со течност и истите се движат при секое движење на нашето тело.Тие му даваат информации на  мозокот  кои овозможува одржување на рамнотежата на телото и планирање на нашите движења.

Препораки за сензомоторни активности

Активности за стимулирање на сетилото за допир

-сокриено богатсво(длабоки садови исполнети со ориз,грав во кои се скриени ситни играчки кои детето треба да ги пронајде)

-цртање,манипулирање со пена за бричење

-игра во песок и земја(садење на цвеќе)

-сликање со раце

-допирање на различни површини(рапаво,мазно,кора на дрво,трева,маче)

Активности за стимулирање на сетилото за вид

-игра со играчки со  впечатлити бои

-игри со имитирање пред огледало

-класифицирање на предмети по боја

-користење на сликовници  и препознавање на елементите на истата

-игра со балони од сапуница

-цртање,боење

Активности за стимулирање на сетилото за слух

-слушање на музика и звуци  од различни инструменти

-обид за свирење на различни инструменти

-следење на ритам зададен со удирање со дланките една од  друга

-пеење на различни мелодиии

Активности за стимулирање на вестибуларниот апарат

-лулање на лулашка

-игри со прескокнување

-возење на велосипед,тротинет

Активности за стимулирање на проприорецепторите

-скокање во трамбулина

- игри со имитирање на движење на различни животни

-туркање,влечење,пренесување  на тешки предмети

-манипулирање со еластични конструктивни материјали(пластелин,тесто,гума)

Активности за стимулирање на сетилата за мирис и вкус

-препознавање на овошје,зеленчук и друг вид на храна врз основа на нивниот мирис и вкус со исклучување на сетилото за вид

-мирисање на цвеќе

-вкусување на различен вид на храна

Богатото сензорно искуство кое ќе му го овозможиме на нашето дете од најмала возраст е цврста основа за правилно изградување на целокупниот невролошки систем на детето,кој пак ќе овозможи успешност во учењето и функционирање на детето во неговата средина. Но сетилното искуство само по себе нема да е доволно доколку не е проследено со говор и со објаснување што е тоа што детето го почувствувало.Затоа секогаш разговарајте со детето и кажете му дека нешто е благо ,солено, мазно, тврдо , меко.....

Само на тој начин детето ќе го осознае на вистински начин светот околу себе.

Таквото осознавање на светот во основа за секое дете треба да биде позитивно доживување кое ќе донесе пријатни емоции поради задоволувањето на детската љубопитност која е во основата на детското учење.Но понекогаш може да се случи детето да не реагира позитивно на одредена дразба, дури и истата да предизвика одредена непријатност и негативна реакција од страна на детето.Може да станува збор за хиперсензитивност на детето на одреден вид на дразби кои стимулираат некое од сетилата.Односно детето реагира со вознемиреност и настојува да ја избегне дразбата. Може да се манифестира на најразлични начини како што се:

-детето одбива да носи чорапчиња на лице(доколку се  облечени наопаку тогаш детето без проблем ги облекува)

-детето постојано се жали на етикетите од облеката

-детето одбегнува силни звуци или одреден вид на звуци

-детето одбегнува силна светлина

-детето одбегнува храна соразлична текстура

Ваквите состојби бараат огромно трпение од родителите со цел постепено да се намалат со внимателно и постепено изложување на детето на стимулациите кое тоа ги доживува како непријатни.

Детската љубопитност и родителската трпеливост се во основата на детското созревање, учење и изградување на самостоја и емотивно стабилна личност.

Затоа овозможете му на детето богатсво од сетилни искуства секој ден, во секоја прилика.Поминувајте квалитетно време ЗАЕДНО со своите деца и на тој начин ќе поставите цврсти темели на детското знаење и желбата за постојано учење.

ОЈУДГ „Астибо“- Штип

М.Стојанова-дефектолог

Преку активното читање сликовници на  децата од најрана возраст им  овозможуваме полесно да го совладаат  говорот,значењето на говорот,читањето и пишувањето.Низ  активното читање сликовници многу позитивно делуваме на нивниот социјален,емоционален и когнитивен развој.Преку сликовниците и раскажување на приказни имаме заедничко дружење преку кое и учиме.Затоа уживајте со вашите најмили во фантазијата на приказните.Оваа приказна ќе разбуди бура од емоции и кај децата и кај возрасните.

ДАРЕЖЛИВОТО ДРВО

Оваа прекрасна приказна да ја надополниме со неколку интересни игри.

Моето овошно дрво

Нацртајте и исечете дрво на подебела хартија во боја,направете на стеблото од дрвото квадратчиња.Потоа исечете лентички со широчина на квадратчињата.На лентите напишете бројчиња од еден до десет(според возраста може да ги напишете бројчињата на лентите на пр.кај деца до 2 год.возраст да групираат предмети два до три,лентите ќе ги напишете до три;деца од две до три год.возраст да поттикнат способности за покажување до пет сродни елементи и за броење до пет,и.т.н.)лентите напишете ги до 5 ;Нацртајте и исечете на хартија во боја по 10 јаболка,10 круши,10 сливи,или по ваша желба  некое овошј.(може да земете капачиња во боја жолтите може да ви означуваа круши и.т.н.)

Селектирање на овошјето

Децата според боја,вид и род го именуваат,опишуваат и селектираат овошјето.Потоа на раката и дланката им ставам кафеава боја и правиме отисок од дрво со гранка на бела хартија.Со прстињата допираме одредена боја и ставаме отисок од прстето кое ни означува некое вид овошје.На крај правиме споредба на која страна има повеќе и на која страна има помалку.

Секое опкружување со природата ни придонесува придобивки за здравјето,посебно дрвјата имаат голема улога,тие не заштитуваат од временските прилики,го спречуваат одронот на земјиштетоиграат важна улога за производство на кислород,ја регулираат температурата на почвата,игра голема улога во пределното уредување,земјоделството,има големо значење во градежништвото и.т.н.Затоа треба природатада,да ја чуваме,да ја негуваме,и секоја дадена можност да засадиме цвеќе,да засадиме  дрвце и да уживаме во прекрасната природа.

Предложените активности се значајни за целокупниот развој на детето како што е когнитивниот развој и збогатувањето на детското знаење  за животинскиот свет како и поттикнувањето на фантазијата .Социо-емоционалниот развој се поттикнува преку содржината за необичното пријателство.

Активностите со цртање,сечење,лепење се еден од основните начини за поттикнување на фината моторика.

Активноста е предлог на воспитувач Л.Симонова

Да завршиме со една убава песна

„Убавиот збор железна врата отвора“

„Доброто со добро се враќа“

Прочитајте ја заедно со вашето дете оваа волшебна приказна, една од многуте бајки од нашето  народно творештво преку која ќе научат нови зборови, ќе ја разбудат нивната фантазија и ќе го поттикнат размислувањето...  Децата ќе ви поставуваат многу прашања околу приказната што им ја читате или раскажувате, обидете се да им одговорите на истите соодветно. Откако ќе ја прочитате еднаш или повеќе пати, пробајте да ја раскажувате заедно, поставувајќи им прашања или оставајќи ги сами да ги составуваат речениците. Повелете, уживајте!

Девојчето и дванаесетте месеци

Си беше еднаш една жена и си имаше две ќерки: едната беше нејзина, родена ќерка, а другата и беше паштерка, ќерка на мажот и.

Својата ќерка многу ја сакаше, а паштерката ич не ја милуваше, само ја караше и и даваше да работи, како да е слугинка. Но, колку повеќе ја тераше да работи, толку повеќе паштерката раснеше во здрава, силна и убава девојка.

А пак нејзината родена ќерка, која не мораше ништо да работи и по цел ден одмараше, целата беше сува и слаба, бледа и неубава да ја гледаш.

Маќеата мислеше и коваше злобни планови, сакаше да се ослободи од паштерката, па не знаеше што да смисли и какво зло да и направи за да остане само нејзината ќерка.

Една вечер и падна на памет, кога мажот и беше на пат, да ја пушти да донесе вода од чешмата, што беше далеку во шумата.

До чешмата имаше едно ветерничаво дрво под кое, како што се прикажуваше, се собираат ветриштата, а наминуваат  разни други натприродни суштества, па се понадева дека ќе ја грабнат паштерката и ќе ја однесат и веќе никогаш нема да се врати.

И така, длабоко во ноќта, тргна кутрото девојче до чешмата за да наточи вода.

Кога дојде до дрвото, виде дека под него седат единаесет мажи и една стара жена, наредени во круг. Мажите беа и стари и млади, и ниски и високи, и лични и помалку лични, а едниот од нив беше најнизок од сите. Старата жена беше смуртена и непријатна, а таа всушност беше Баба Марта, а мажите, пак, беа другите единаесет месеци. Најнискиот маж беше впрочем  најкраткиот месец во годината- Сечко, или како што го знаеме денес Февруари.

Кога ги здогледа девојчето малку се исплаши, но потоа се созема и ги поздрави: „Здраво-живо чичковци, добра вечер тетко, како сте, што правите?“

„Добра вечер девојче“, ѝ рекоа месеците, „арни сме, еве малку да одмориме. Туку, ти што бараш во ниедно време на чешмава? Зар не ти е страв сама низ шумата?“

„Ех, чичковци, тетко... Страв-не-страв, тоа е. Маќеата ме пушти да одам по вода, а јас, како што ми има кажано татко ми, морам да ја слушам во сѐ и да ја почитувам.“, им одговори девојчето.

Месеците се погледнаа меѓу себе, па Баба Марта проговори: „Туку, слушај девојче, сакам нешто да те прашам. Можеш ли да ми кажеш кои месеци во годината се поубави, а кои полоши?“

„Златна бабичке“, рече девојчето, „мене сите месеци во годината ми се убави, кој од кој поубав. За мене нема ниту еден лош месец.“

„Тогаш оди со здравје, девојче“, ѝ рекоа месеците, „и биди благословена за твоите преубави зборови. Од сега, со секој збор што ќе го изговориш, по еден златник да ти излегува од устата.“

Девојчето ги поздрави, си налеа вода во стомните и си појде дома. Кога стигна, тропна на вратата, а маќеата излезе да отвори. Кога виде дека девојчето се врати живо и здраво и со полни стомни, ќе пукнеше од мака, но немаше што да направи, па ѝ ја отвори вратата и ја пушти да влезе.

Неколку пати ја праша нешто, а девојчето – колку пати прозбори, толку златници од устата ѝ излегоа.

Само паѓаа златници, а девојчето се наведнуваше и ги собираше од подот. Маќеата не можеше да поверува на очите. Наместо да се изгуби во шумата, паштерката се врати жива и здрава, па уште златници вади од уста. На зависта и злобата на лошата маќеа им немаше крај.

„Кој те маѓепса вака, никаквице,“ и рече, „да вадиш златници од уста? Кажи ми или тешко тебе!“

А девојчето се исплаши од овие зборови, па седна и сѐ ѝ раскажа на маќеата: „Ги сретнав дванаесетте месеци како седат крај чешмата, поразговарав со нив, а тие на заминување ме благословија.“

Следната вечер, завидливата маќеа ја пушти ќерка си со стомните да оди и да налее вода. Се надеваше дека и таа ќе ги сретне месеците, па да ја благословат да вади златници од устата. Ѝ ги даде стомните и ја испрати со следниве зборови: „Ајде ќерко, оди до чешмата во шумата да налееш вода и да те благословат месеците, па да вадиш и ти златници од устата како онаа никаквица, сестра ти.“

Отиде девојката кај чешмата и, навистина, месеците си седеа под дрвото исто како и претходниот пат.

Девојката се поздрави со нив, а месеците ја прашаа: „Девојко, да те прашаме нешто, па да ни кажеш: кои месеци во годината се подобри, а кои полоши?“

А девојката се помисли малку, па им одговори: „Зар вие не знаете кои се подобри, а кои полоши, па мене ме прашувате? И малите деца знаат кои месеци се подобри. Се знае дека Јануари и Февруари се најлоши, а Марта е смуртена и со триста ума, па и таа не е подобра. А и другите како кој, некои се арни, некои не се.“

Вака им рече на месеците невоспитаната и разгалена девојка, а месеците и вратија со следниве зборови: „Да си благословена, девојко, за зборовите што ни ги кажа. Па, од сега, за секој збор што ќе го изговориш, по едно змијче од устата да ти излегува.“

Девојката се исплаши, па побрза да наполни вода и да си замине дома. Кога пристигна, влезе низ врата и само што проговори, од устата ѝ излезе едно змијче.

„Леле ќерко“, вресна маќеата, „зошто вадиш змијчиња од устата? Зошто не вадиш златници како сестра ти? Што се случи, што е оваа несреќа што нѐ снајде?“

А кога се врати од пат таткото на девојчето, разбра сѐ и веднаш ги избрка од дома лошата маќеа од дома и нејзината безобразна ќерка.

Си ја гушна и си ја бакна ќерка си и заплака. Но во секое зло-добро!

Од златниците што паѓаа од устата на девојчето, со секој збор, куќата набргу се наполни со злато. А таткото и ќерката си живееја убаво и среќно...уште многу, многу години.

А сега еве неколку активности поврзани со приказната преку кои ќе играте ,ќе се забавувате, но и ќе учете заедно со вашите деца.

1.

Златници и змијчиња

На лист хартија нацртајте ги златниците т.е. паричките кои излегувале од устата на умното и воспитано девојче. Зборувајте со своето дете која форма треба да ја нацртаат ( кружна), со која боја да ги обојат (жолта). Потоа на ред се да ги нацртаме змијчињата кои излегувале од устата на неумното и мрзливо  девојче. Цртаме кривулести (криви) линии кои личат на змијчиња, со зелена боја, а за да бидат прави змиички им додаваме главче и црвено јазиче.

2.

Локомотивата Година ги влече своите вагончиња – месеците.

Заедно или само детето може да нацрта воз- локомотива и вагончиња кои ќе ги претставуваат месеците во една година. На секој вагон ќе ја напишете првата буква од месецот. На овој начин ќе му помогнете на вашето дете да ги научи редоследно месеците.

3.

Возот наречен година

Сега изработете еден разнобоен воз од хартија. Сечење, цртање, пишување,редење и подредување. Локомотивата ја претставува годината, а вагоните  што ги влече се дванаесетте нејзини месеци.Ја составуваме локомотивата подредувајќи ги нејзините делови во вид на основните  геометриски форми- круг,триаголник,квадрат,правоаголник. Вагончињата може да ги направите во некоја боја која одговара на месецот, пр. ако е зимски со бела или сина боја како во примерот, а може и да нацртате нешто карактеристично за тој месец, пр, ако е есенски месец – есенски лисја како во примерот. На секое вагонче го пишувате името на месецот.

4.

Зграда-календар

И за оваа игра употребивме разнобојна хартија. Месеците во годината се претставени преку прозорчиња врз кои ја пишуваме првата буква од месецот,а кога ќе го „отвориме„ прозорчето внатре се крие целото име на месецот.

Преку оваа приказна и предложените активности во вид на учење низ игра, го поттикнуваме целокупниот развој кај децата. Опфатени се сите домени на развој:

Физичкиот- преку манипулативните и моторички игри;

Говорниот- преку читањето,раскажувањето и пишувањето;

Когнитивниот- преку поттикнување на мисловниот процес,цртањето и овозможувањето преку игра да научат или повторат за одредени математички поими;

Социо-емоционалниот- преку самата содржина и целта  на приказната- да разликуваат добро и лошо, позитивно од негативно, прифатливо од неприфатливо и да ги негуваат убавите и позитивни чувства;

Пристап кон учењето- преку начинот на кој доаѓаат до знаењето, се поттикнува детската љубопитност,креативноста, иницијативноста и истајноста.

Активноста е предлог на воспитувач Б.Атанаскова

Активноста е предлог на воспитувач Ц.Наковска

Активноста е предлог на воспитувач Ц.Наковска

-Танц на сабјите од Хачатурјан

-Лесна коњаница увертира од Франц Вон Супе;

-Рапсодија во сино од Гершвин;

-Лебедово езеро од Чајковски;

-Месечина од Дебиси;

-Молњи и громови од Штраус.

Контактирајте нé

Детска Градинка Астибо © 2021 All Rights Reserved
chevron-down