Почитувани вработени во детската градинка „ Астибо “ и  соработници

Имав чест и задоволство мојот работен век да го поминам и споделам со многу колешки, соработници, деца и родители, од кои што научив многу нешта и сите ќе ги носам во еден убав спомен.  Денес завршува мојот работен ангажман во кој зад себе оставам многу реализирани проекти, активности, кои што во целост го поттикнаа мојот креативен потенцијал и заедно со сите вработени го подигнавме квалитетот на работа на нашата установа детската градинка „ Астибо“. Сакам да им се заблагодарам на сите колешки и вработени кои несебично се вложуваа и трудеа да ги реализираме со успех планираните проекти и активности, а како последен проект е завршната приредба „ Ние сме деца – ние сме свет“. На крај благодарност упатувам и до раководителите со кои соработував за можноста заедно сите замисли да ги реализираме , со цел унапредување на воспитно – образовната работа со деца од предучилишна возраст. Посакувам да продолжите со реализација на многу активности и успешна реализација на сите проекти кои ве очекуваат во иднина. Бидете секогаш креативни, инвентивни и исполнети со среќа во работата која што ја реализирате. 

Со почит, Елизабета Симоновска

Почитувани родители ,

започна запишувањето на децата за престој во детската градинка „ Астибо“ .

За сите информации повелете во просториите на ОЈУДГ

„ АСТИБО“

Списоците со примени деца може да ги погледнете на следниот линк

https://detskagradinkaastibo.mk/dokumenti/zapisani-deca-2022-2023/

Почитувани родители,

ова е местото каде ќе може да ги следите видео-записите од активностите и настаните на децата од ОЈУДГ „Астибо“- Штип

https://www.youtube.com/channel/UCJZZoQnbbsq64LUoDM0csFw/videos

Градењето куќа започнува со ставање на цврсти темели кои ќе бидат во можност да ја издржатголемината и тежината на конструкцијата за да биде стабилна во текот на долги години.Но, не е доволно само да изградиме куќа, туку од неа треба да направиме дом , а за тоа е потребно да вложиме многу љубов, истрајност, посветеност.Така и кај децата учењето, воспитанието и образованието,се процеси кои започнуваат од моментот кога детето доагана овој свет и траат во текот на целиот живот. Ако целата своја љубов која која произлегува од срцето, енергијата, посветеноста ја насочиме и им ја дадеме на децата за кои се грижиме, тогаш цврстите темели поставени во најраната возраст ќе им овозможат на децата можност за надградба, дополнување, проширување, унапредување на вештините, способностите, знаењата низ и преку игра, запознавајќи ја математиката која е насекаде околу нас.

За унапредување и надградување на вештините во реализација на воспитно-обазовните содржини, дел од авторите на прирачниците кои се дел од тимот на нашата установа, несебично ги споделија знаењата и искуствата од применетите активности со своите колешки воспитувачки .

Ова е нашиот подарок за градот и вработените од детската градинка ОЈУДГ „ Астибо“ Штип. Прирачници за воспитувачи и родители на деца од 2 - 4 години и 4 - 6 години „ МАТЕМАТИКА НИЗ ИГРА, ЗБОР И РАЗГОВОР“ од авторите: Елизабета Симобовска, педагог, Магдалена Стојанова, дефектологЈасминка кукушева, дипломиран воспитувач,Катица Трајкова, дипломиран воспитувач,Цветанка Наковска, дипломиран воспитувач, проф. д-р Снежана Мирасчиева,проф. д- р Снежана Јованова Митковска.Рецензенти:проф. д-р Емилија Петрова ЃорѓеваБилјана Трајчевска, дипломиран проф. по предучилишно воспитание,и сето ова спакувано и издадено од издавачката куќа Просветно дело од Скопје.

Почитувани родители,

донесете ги Вашите деца на дружба, забава и игра со другарчиња.

Во нашата установа децата ќе добијат:

И сето тоа за 599,0 денари месечно.

Пријавите се доставуваат по електронски пат

или во просториите на детската градинка „ Астибо“, од 13,00 - 15,00часот.

Побрзајте, капацитетот е со ограничен број на деца.

Да се биде дел од тим кој постојано оди напред,постигнува резултати во унапредувањето на воспитно-образовната работа во предучилишното воспитание е голема чест и одговорност. Дел од нашиот тим-стручната служба е педагогот Елизабета Симоновска , добитник на признанието Стручен работник на годината за 2020/21 година кое го доделува Сојузот на просветни работници и МОН.

Почитувани родители, во прилог се списоците на новопримени деца:

Контактирајте нé

Contact Form Demo (#1)
Детска Градинка Астибо © 2024 All Rights Reserved
chevron-down