Градењето куќа започнува со ставање на цврсти темели кои ќе бидат во можност да ја издржатголемината и тежината на конструкцијата за да биде стабилна во текот на долги години.Но, не е доволно само да изградиме куќа, туку од неа треба да направиме дом , а за тоа е потребно да вложиме многу љубов, истрајност, посветеност.Така и кај децата учењето, воспитанието и образованието,се процеси кои започнуваат од моментот кога детето доагана овој свет и траат во текот на целиот живот. Ако целата своја љубов која која произлегува од срцето, енергијата, посветеноста ја насочиме и им ја дадеме на децата за кои се грижиме, тогаш цврстите темели поставени во најраната возраст ќе им овозможат на децата можност за надградба, дополнување, проширување, унапредување на вештините, способностите, знаењата низ и преку игра, запознавајќи ја математиката која е насекаде околу нас.
За унапредување и надградување на вештините во реализација на воспитно-обазовните содржини, дел од авторите на прирачниците кои се дел од тимот на нашата установа, несебично ги споделија знаењата и искуствата од применетите активности со своите колешки воспитувачки .