Со играње растам

СО ИГРАЊЕ РАСТАМ - за децата од 2 – 3 години
САМО ИГРАТА Е ЕДИНСТВЕНА АЛАТКА ЗА ДОСТИГНУВАЊЕ НА
СИТЕ РАЗВОЈНИ ПОТЕНЦИЈАЛИ КАЈ ДЕЦАТА.

ЗОШТО Е ВАЖНА ИГРАТА ЗА ДЕЦАТА?
Основна потреба преку која го осознаваат светот околу себе, учат да комуницираат со други лица,
стекнуваат нови искуства и знаења преку обиди и грешки, ги согледуваат причинско -
последичните врски од активностите, развиваат мисловни процеси. Со еден збор кажано
развиваат сѐ. Играта е одраз на потребата на детето за активност и активирање на целиот
организам; изразување на емоции; задоволување на социјалните потреби; потребата за движење
и вклучување на сите сетила; интелектуално владеење на реалноста што го опкружува; создавање
идентитет и самосвест; вклопување во социјалната средина; остварување на желбите и
креативноста, самостојно и самостојно дејствување. Вредноста на игрите за деца од
предучилишна возраст се рефлектира во фактот што во текот на играта детето се активира и го
развива вниманието. Дополнително, играта има мотивирачки ефект и детето активно се вклучува
во различни активности кои се спроведуваат во соработка со возрасни или врсници, при што
децата ги подобруваат различните способности: перцептивни, моторни, интелектуални,
креативни. Според развојните фази на децата така се развиваат и игрите согласно возраста. Во
најрана возраст тие се краткотрајни активности, децата брзо губат интерес и внимание,
егоцентрични се, не ги разбираат поимите - правилата на игра, но како и сѐ друго и ова се учи со
постојано повторување.
Затоа , низ игра полесно се совладуваат сите тешкотии, се надминуваат конфликтите, се
контролираат емоциите, се развива другарството, емпатијата кај децата. Само со игра и низ игра
можеме да постигнеме севкупен развој кај сите деца.
Првите пет се најважни на свет.

Контактирајте нé

Contact Form Demo (#1)
Детска Градинка Астибо © 2025 All Rights Reserved
chevron-down