Ајде да раскажеме приказна на поинаков начин-ШУМСКА ГРАДИНКА

На малата широчина во шумата се сретнаа другарчињата за да си поиграат заедно. Се договараа, се договараа која игра да ја играат и на крајот решија, да играат игра. Секако дека треба да играат игра, но која , тоа беше интересно прашање. Би сакала вие деца, заедно со вашите родители да раскажете една нова и интересна приказна. За почеток избојте ја сликата и животните кои што се насликани на неа. Потоа исечете слики од животните кои што се нацртани на сликата и започнете со раскажувањето .

Се собрале на ливадата ежето кое стоело НАПРЕД, пред сите животни. ПРЕД него седело лисичето и си играло со својата убава опашка. ЗАД ежето стоело волкчето и внимателно гледало што ќе се случи. НАЗАД пак гордо исправено стоело еленчето и од високо ги гледало своите другарчиња.  Сакале да си играат заедно, па го замолиле малото бувче , кое стоело ГОРЕ на гранката од стариот даб да каже која игра да си ја играат. Малото бувче се мислело , се мислело и наеднаш  зачудено погледнало  како на лилјачето  виси со главата НАДОЛУ на гранката на дрвото кое било на спротивната страна од стариот даб. Во истиот момент долета мајката лилјак која му донесе храна на малото лилјаче. И тогаш бувчето извика, ајде сите да кажуваме како се викаат нашите родители. Се јавило лисичето и рекло : Јас ќе ви кажам, -  ежето има мајка еж и татко еж или ежица и еж.

Да така е рече ежето, ние децата сме ежиња, а лисичето има мајка лисица и татко лисец. И така животните од шумската градинка продолжија - волкчето има мајка волчица и татко волк, еленчето има мајка срна и татко елен, бувчето има мајка був и татко був, лилјачето има мајка лилјак и татко лилјак. Продолжија да ги кажуваат имињата и на другите животни кои ги познаваа, иако не беа дојдени во шумската градинка.

-мајка еж, татко еж, дете  еже – деца ежиња

-мајка лисица, татко лисец дете лисиче деца - лисичиња

-мајка волчица, татко волк, дете волче – деца волчиња

-мајка срна, татко елен, дете еленче – деца срни , елени

-

-мајка був, татко був, дете бувче – деца бувчиња

-мајка лилјак, татко лилјак дете лилјаче – деца лилјаци

А, како звучат животните од шумата? Интересен начин за заедничка игра со своите деца.Поттикнете ги децата на интересна игра.Имитирајте ги звуците со кои се јавуваат животните во природата.Направете еден вистински „шумски“ разговор во сопствениот дом.

Продолжете понатаму со играта .Пуштете интересна музика и започнете да се движите ,но овој пат имитирајте ги движењата на шумските животни. Обидете се да се движите како мечка ,како лисица,како волк.....Играјте ЗАЕДНО со своите деца.Бидете за миг една весела „шумска “ фамилија. Донесете радост  за сопствените деца враќајки го детето во себе.

Продолжете вие .....

Раскажете ја приказната, подредете ги животните и птиците НАПРЕД – НАЗАД, ПРЕД – ЗАД , ГОРЕ – ДОЛУ,                 според дадената слика,

Ваква активност може да реализирате ЗАЕДНО со вашите деца со домашни животни, животни кои живеат во џунгла, во вода , птици и тн.

Со оваа активност кај децата го поттикнувате развојот на говорот, збогатување на речникот со нови поими, изрази , значење на именките во деминутив или како велиме – нагалено или од милост;

Утврдување на релации и ориентација во простор со просторно ориентирање напред – назад, горе – долу и други;

Препознавање на боите и нивна примена според сопствена фантазија во подготовка на сликата,

Препознавање на сликите од животните и обид за нивно совпаѓање ,

Развој на фината моторика со боење и сечење на елементи од сликата

Активноста е реализирана во групата на воспиѕувач Л.Симонова

Контактирајте нé

Contact Form Demo (#1)
Детска Градинка Астибо © 2024 All Rights Reserved
chevron-down