Децата од мојата градинка добија по еден лист на кој имаа нацртано по неколку геометриски форми. Ги гледаат листовите и се чудат, учителката ништо не им кажа. Си зборуваат меѓусебе и погодуваат, на мојот лист има еден триаголник и еден круг – рече Јана. Се замисли и Бојан, па гледа, гледа во листот и наеднаш викна : - кај мене пак има коцка и , учителке, како се викаше ова што е нацртано овде? Правоаголник е тоа Бојан, му рече учителката.
А сега деца, ајде секој да ги обои формите кои ги има нацртано на листот а после ќе се забавуваме и ќе си играме.
Децата ги обоија геометриските форми секој со различна боја.
А потоа учителката ги замоли да ги исечат внимателно. Така и направија.
Откако ја завршија и оваа активност учителката ги повика сите да седнат во круг и да им раскаже една приказна, а тие внимателно да слушаат затоа што ќе треба секој својата форма да ја стави на определено место. И така почна да се раскажува приказната.
Имаше една голема улица , а од двете страни на улицата имаше куќи кои беа со квадратна форма, со покриви кои беа со триаголна форма. Бојан викна : Учителке кај мене има еден квадрат, а Јана го покажа триаголникот и го стави над куќата како покрив. И така се раскажуваше приказната и се редеа елементите додека сите деца не ги употребија своите форми.
На крајот сите беа среќни со новата приказна која ја создадоа сами , но и ја насликаа сами.
Додека седеа така , Лана наеднаш извика:„ Учителке, знаеш ли дека може да се направи и сладолед од овие форми?“
Учителката изненадено ја погледна Јана и заедно со децата излегоа во дворот на градинката, за да продолжат да си играат, да се забавуваат и да учат.
Така на полигонот за сообраќај направија сообраќајни – превозни средства од математички форми.
Создадоа нови интересни креации со математички форми.
Играа нова игра – застани на место според цртежот во рака.
Задоволството зрачеше од лицата на децата, но и на учителките кои се грижат за нив.
Активносте е реализирана во групата на воспитувач Л.Симонова
По интересни игри,една интересна песна.