Ајде да раскажеме приказна на поинаков начин-ВИКТОР НА ФАРМА

Ајде да раскажеме приказна на поинаков начин.

Ајде денес започнете го денот со една интересна  приказна. Нека биде приказна за авантурите на Виктор и Ана во селскиот двор.

Човекот и животните одамна другаруваат, заемно си помагаат и се почитуваат. Ајде да појдеме до најблиското село, да го видиме тоа пријателство и на дело.

ВИКТОР НА ФАРМА

Ова се нашите пријатели Виктор и Ана. Тие го посетија најблиското село и најпрво што здогледаа беше фармата на нивниот пријател Петар, се упатија кон фармата за да му помогнат.

Тракторот подготвено ги чекаше и сите заедно отидоа во полето. Сега е време за да се ожнеат нивите, но пред тоа има мнооогу напорна работа. Првин полињата се ораат со големиот трактор, потоа се сеат со жито и откако ке порасне се жнее и се собира. Житото потоа им служи за да ги хранат  домашните животни.

Виктор и Ана напорно работат. Дури го собираат и сеното кое им е омилено на сите животни од селскиот двор. За да го пренесат  сеното до фармата им помага и коњчето.

Кога се вратија во фармата најпрвин ги посетија кравите. Тие беа многу среќни кога ги видоа Виктор и Ана како им носат свежо сено.

Потоа се упатија кон козите.  Имаше само три: таткото –Јарец, мајката – Коза, и малечкото јаренце кое среќно потскокнуваше околу својата мајка.

И одеднаш Виктор и Ана погледнаа  во далечината и здогледаа мнооогу  овци. Цело стадо. Имаше и големи и помали. Некои од нив беа внатре во оградата а другите беа надвор од оградата. Некои од нив имаа и рогови.

Виктор здогледа три различни по големина, најголемиот  беше таткото – овен, помалата или среднaта беше мајката- овца,

а најмалечкото беше јагнето кое постојано беше во близина на својата мајка.  Тогаш Виктор сакаше да го погали белото јагненце,  но Петар извика дека едно јагненце се загубило и сите тргнаа да го бараат.

Го бараа внатре во фармата, па отидоа да го бараат надвор од фармата, но Виктор не можеше да го пронајде. И Петар го бареше јагненцето насекаде, го бараше горе на ритчето па продолжи да го бара долу кај рекичката, но не го најде. И Ана постојано го бараше малото јагне. Погледна пред дрвото но и таму го немаше и кога погледна позади дрвото и оп.. јагненцето се појави...

Сите беа среќни и задоволни што малото јагненце и се врати на мајка му.

Сега е време да да се вратиме дома – рече Виктор.

Се поздравија и му ветија на Петар дека пак ке дојдат за да му помогнат и да ги погалат малото јаре и белото јагне.

Ајде сега малку да играме..

,,Кој на кого е,,

За оваа игра се потребни модели од домашни животни со нивните младенчиња ( или апликации )

На дечињата им раскажувате..

..На ливадата отишле да прошетаат сите домашни животни со нивните малечки.  Се разиграле младенчињата и си ги изгубиле својте мајки. Ајде да им помогнеме на младенчињата да си ги пронајдат свијте мајки..

Децата имаат за задача да ги именуваат младенчињата и да ја пронајдат нивната мајка.

,, Мемориски картички,,

За оваа игра се потребни картички со апликации од домашни животни. Сите картички се вртат со сликата надолу и потребно е вртејки по две картички да се пронајде соодветниот пар.

,, Сложувалки,,

За оваа интересна игра се потребни сложувалки од најмалку два дела во зависност од возраста на детето

,, Малото јагненце,,

Потребни материјали се: бело картонче, ножици, лепило и волница.

Белото картонче го сечеме и внимателно го обвиткуваме со волница. На крајот додаваме глава  и нозе.

Развојот на интелектуалните и менталните способности на децата е многу важна за успешно функционирање на секоја индивидуа во опшеството.

Со овие активности се развива способност за размислување, се подобрува концентрацијата, самостојноста, вниманието, истрајноста како и фината моторика.

Активноста е предлог на воспитувач А.Трајчова

Еве за крај и една песничка ,, Малиот хор од селскиот двор,,

Контактирајте нé

Contact Form Demo (#1)
Детска Градинка Астибо © 2024 All Rights Reserved
chevron-down