БАМБИ

Читањето на детето уште од најмала возраст е многу важно за неговиот понатамошен развој. Истражувањата покажуваат дека на децата на кои им се читало уште од најрана возраст, се развиваат побрзо, покажуваат интерес за животната средина, подобро комуницираат, побрзо учат и тоа е директно поврзано со нивниот подоцнежен успех. Додека им читате децата го доживуваат јазикот на сосема поинаков начин, особено ако го менувате гласот, имитирајќи ги јунаците од приказните. Читањето го подобрува менталното, емоционалното и физичкото здравје кај децата.

Денешната активност нека ви започне со раскажување на една прекрасна приказна.

Бамби

Длабоко во шумата се случи нешто прекрасно. На големиот елен, принцот на шумата, му се роди убаво еленче – Бамби. Сите животни беа восхитени, а зајачето Драм беше највозбудено. “Јас ќе се грижам за принцот” - рече. Малечкиот Бамби наскоро застана на своите нозе и беше среќен што ги запозна животните околу себе.

Еден ден, мајка му го однесе Бамби на ливадата. Таму се запозна со една срничка како него. Но, не сакаше да и се приближи. Мајка му го забележа тоа и дојде до него. “Не срами се, Бамби. Тоа е Алина, твојата роднина”, рече мајка му. Наскоро Бамби и Алина станаа другарчиња.

Како што поминуваше времето, пристигна зимата. Се во шумата побели од снег. Еден снежен ден се слушна силен звук! “ Бегај мое малечко”, рече мајката срна. Бамби трчаше колку што межеше побрзо. Потоа се слушна уште еден силен звук. “Дојдоа луѓето”, викнаа животните. Следниот миг шумата беше празна, како да е без животни.

По некое време Бамби застана и почна да ја бара мајка си. Но, немаше ни трага од неа. Тогаш се појави татко му, принцот на шумата. “Бамби, мајка ти нема веќе да се врати. Научи се да живееш сам во шумата”, му рече.

Наскоро зимата заврши. Бамби порасна. Тој сега имаше мали рокчиња на главата. Еден ден, шетајќи низ шумата, сретна една срничка. “ Дали ме препозна Бамби?” го праша таа. “Јас сум Алина”.”О, да”, рече Бамби. Од следниот миг, Бамби и Алина почнаа да шетаат заедно низ шумата.

“Не може да ми ја преземеш Алина. Таа е моја”, рече еленот Роно. “Ајде да се тепаме, па да видиме чија ќе биде Алина”. На Бамби многу му се допаѓаше Алина, па беше подготвен да се бори со неа. И двата елена жестоко се бореа.

Сепак, Бамби успеа да му ги скрши роговите на Роно. Со време, Бамби и Алина се вљубија еден во друг. Така почнаа да живеат заедно.

Животот си поминуваше убаво, се додека ловџиите не се појавија повторно. Бамби и другите животни од шумата се здружија. Тие ги нападнаа ловџиите. Бамби покажа дека е силен исто колку и татко му. Така, тој стана нов крал во шумата. А, наскоро Алина му роди две мали срнички.

Да создадеме наша приказна со сликички

А, сега, ајде да раскажуваме приказни на еден поинаков начин. За оваа цел ние исековме неколку сликички, од кои ќе направиме приказна врз основа на детската фантазија. Можете и вие дома, истото да го направите. Исечете неколку слики, понудете им ги на вашите деца и разговарајте. Можете постојано да ја дополнувате приказната. Уживајте!!!

Разиграни ежиња

Еве ви една забавна игра: Игра со ежиња. Во зависност од бројот на играчи, ни се потребни толку пиончиња и една коцка.Ежињата се движат по полињата броејки ги и поминуваат онолку полиња колку што добиле(бројна количина) на коцката која претходно ја фрлиле. Преку оваа игра ќе научите дека во секоја игра има правила, кои треба да се почитуваат, ќе броите и ќе се забавувате.

Бодликаво еже

И на крај една ликовна активност: Болдикаво еже. Овде ни се потребни: еден бел лист, фломастери, вилушка и темперни боици. Нацртајте го ежето со фломастери и потоа направите ги боцките, користете кафеава темперна боица и вилушка. За време на изработката разговарајте со вашите деца.

Еве  една прашувалка:

Ежето на мама еж

и се жали:

  • Нас, ежињата,

Никој не не гали.

Зошто?

Ежињата слатки,

ежиња мали

никој не ги гали.

Мачиња слатки,

мачиња мали

секој ги гали.

Зошто е тоа така? .......

Предложените активности се значајни за целокупниот развој на детето како што е когнитивниот развој и збогатувањето на детското знаење  за животинскиот свет како и поттикнувањето на фантазијата .Социо-емоционалниот развој се поттикнува преку содржината за  пријателство.Социо-емоционалниот развој и способноста за контрола на сопствените емоции кога добиваме и губиме се дел од активноста.

Активностите со цртање се еден од основните начини за поттикнување на фината моторика и детската креативност.

Активноста е прелог на воспитувач М.Беќарова

И на крај една убава детска песна: ”Јаболче или крувче” – Марија Додовска:

Контактирајте нé

Contact Form Demo (#1)
Детска Градинка Астибо © 2024 All Rights Reserved
chevron-down