Гулаб и пчела
Бзззз... Оф , колку прекрасно пролетно утро. Јас, пчелката, сум многу расположена за работа. Од цвеќињата ќе соберам цветен прав, а од него ќе направам мед за децата... Бззз...
И така пчелката летна кон цветната градина, а таму ја пречека едно цвеќенце, па ја праша:
И така пчелката си летна, па застана покрај еден поток да се напие вода и да се освежи.
Гулабот кој стоеше на една гранка, ја слушна пчелката како вика за помош, и одлета до неа и и фрли еден лист во водата. Пчеличката се качи на листот и се спаси. Седна и си ги исуши крилцата, па му рече на гулабот:
Така, пчелката си летна и времето полека одминуваше. Но, еден ден еден ловец одеше низ шумата, застана покрај еден поток да се одмори и здогледа еден гулаб кој стоеше на гранката и си рече:
Сето тое го виде вредната пчелка која во тој момент леташе покрај потокот.
Пчелката летна накај ловецот.
Така, ловецот си отиде дома, гулабот слета на друга гранка, а пчелката на друго цвеќе. Но, се наоколу се веселеше, зошто пријателите си помогнаа...
-народна приказна
Преку содржината на овој текст, драги родители зборувајте со вашите деца за другарството и за меѓусебното помагање и колку е тоа значајно во секојдневниот живот. Разговарајте со децата за нивните другари и зошто им се тие навистина другари. Штом децата ќе го знаат тоа, ќе знаат и да го чуваат другартсвото.
Да цртаме да се радуваме Сега, малку забава. Дали знаете дека вашата дланка може да ви послужи да нацртате многу работи? Еве погледнете на овој линк многу интересни работи: https://www.youtube.com/watch?v=a5wDDDyOqLI Забавувајте се и вие како нас !!!
Забавни зборови Драги родители, еве предлог за говорна игра со антоними преку која можете да го збогатите речникот на децата на еден интересен начин. Антоними се зборови кои имаат спротивно значење. Вие можете на вашето дете да му кажете “ден”, а тоа треба да каже “ноќ”. Потоа продолжете: длабоко – плитко, работлив – мрзлив, скапо – евтино, црно – бело, лето – зима. Оваа игра е особено погодна за деца од 5 до 7 години.
Кој ќе биде победник?
Секое време поминато ЗАЕДНО со детето е од непроценливо значење за детскиот емоционален развој особено кога тоа време е поминато во заедничка игра.За оваа игра ви се потребни шишарки(може и мали топчиња) , едно дрво кое ќе но служи за мета и секако да излезете надвор на чист воздух. Земето по три шишарки и застанете на определено растојание од дрвото.Фрлајте со шишарките кон дрвото и обидете се да го погодите неговото стебло. Победник е оној кој ќе го погоди дрвото сите три пати.Обидете се да фрлате и погодувате и со десна и со лева рака, обидете се, така ќе биде уште поинтересно и позабавно.
Предложените активности се значајни за целокупниот развој на детето како што е когнитивниот развој и збогатувањето на детското знаење за животинскиот свет како и поттикнувањето на фантазијата .Социо-емоционалниот развој се поттикнува преку содржината за необичното пријателство и разговорот за сопствените пријателства.
активностите со цртање се еден од основните начини за поттикнување на фината моторика.Играта со антоними е значајна за збогатување на детскиот речник но и на когнитивниот развој.
Координацијата око-рака и крупната моторика се во основата на играта „Кој ќе биде победник?“
Активноста е предлог на воспитувач М.Беќарова
И на крајот една песничка за другарството.