БОИТЕ НА ВИНОЖИТОТО ВО ХРАНАТА

Пролетта е насекаде околу нас. Може да ја почувствуваме како топло сонце, може да ја помирисаме како убав цвет, да ја почувствуваме како нежно ветре. Пролетта ни ги донесе и првите зеленчуци, а тие се  богатство од форми и бои. Вистинско богатство на пролетната трпеза. Зеленчуковите салати се вкус во кои сите уживаме, а овие празнични денови се уште еден убав повод за заедничко приготвување на вкусна зеленчукова салата.Но најпрвин да се запознаеме со почитуваните преставници на зеленчукот во раната пролет.Тоа се лукчето, кромитчето,зелената салата, роквицата , а  сите тие  се добри пријатели на еден Мете.

ЗЕЛЕНЧУКОТ Е ЗДРАВА ХРАНА

Супер Смешка од градината откорна едно младо лукче и го исправи со коренчето нагоре, па рече : лукчето има бушава коса, мало главче, долго тело како стапче. А овие зелени ливчиња му се рачиња и ножиња, но лукчето си има и братче кое се вика младо кромитче. Супер Смешка и Мете во кошницата ставија неколку млади лукчиња, но и млади кромитчиња, една бушава салата и неколку ротквици во црвена боја. Но пред да ги надробат и во чинијата да ги стават, знаат што треба да прават. Сите млади зеленчуци со земја се покриени, па треба да се добро измиени. Тие растат во земјата или над неа, каде што инсекти се шеткаат и ѓубренца се плеткаат. Затоа под млаз чиста вода, лист по лист се мие, секој лист треба да е чист.

Зедоа неколку листа салата зелена, неколку перца младо лукче, младо кромитче и две ротквици со црвена боја. Сé заедно исечкаа, во чинија надробија , пролетна салата направија.Со масло, киселина и сол ја зачинија. Двајцата на маса си седнаа и здрава салата си јадеа.

Извор : списание за деца „Супер Смешка“

ИГРА МЕМОРИЈА

За оваа игра ЗАЕДНО со вашето дете нацртајте разновидни зеленчукови плодови. Детето нека ги обои и нека ги исече. Добиените апликации залепете ги на хартиени чинии. Наредете ги во неколку редови и обидете се да запомните што е можно повеќе положби на зеленчуците. Свртете ги чиниите и обидете се врз основа на сеќавање да формирате што е можно повеќе парови од зеленчуци. Победник е оној кој отворил повеќе парови од зеленчукови плодови.

СПОМНАВМЕ САЛАТА ?

Навиќите за здрава исхрана се формираат уште од најрана возраст. Заедничкото приготвување на салата е вистински начин за тоа.По ваш избор направете разновидни комбинации.Обидете се да создадете виножито од плодови. Креативноста е дозволена а, темелното миење на плодовите е задолжително.

ПОД ЗЕМЈАТА ИЛИ НАД ?

Некои плодови растат над , анекои под земјата. За да им го приближите овој факт на децата обидете се повторно ЗАЕДНО со вашето дете да направете една интересна изработна. На пластична чинија направете отвори во долната по рабовите на долната половина. Низ нив спровирајте волница која ќе преставува земја. Изработете од обична или гумирана хартија апликации од зеленчукови плодови. Поставете ги на нивното место-под или над земјата.

Активностите овозможуваат поттикнување на :

-Когнитивниот развој: стекнување и зацврстување на знаењата за пролетта и раните зеленчукови плодови, меморијата,знаења за боите и различните форми

-Моторен развој :манипулирањето со ножици, боички пластичен нож се од особено значење за развој на фината моторика, координација та на движење, координацијата око-рака

-Социо-емоционален развој: секојдневното  квалитетно поминато време со нашите деца се во основата на изградување на емоционално стабилна личност

-Говор и вербални способности :секој нов збор е поттик за понатамошен развој

Активноста е предлог на воспитувач Р.Коцева

За крај , се разбира убава песна.

Контактирајте нé

Детска Градинка Астибо © 2021 All Rights Reserved
chevron-down