БОИТЕ НА СОНЦЕТО

Сонцето е извор на топлина и живот. Во неговите зраци уживаме сите, и растенијата и животните и  ние луѓето. Со сонцето и неговите зраци може да играме надвор а може да го внесеме и во нашиот дом преку интересни  драматизации и игри.

За драматизацијата„Сонцето и облакот„  обидете се да изработите апликации на сонце и облак заедно со вашето дете.Во зависност од возраста тоа може да нацрта, обои, исече, залепи.

  „Сонцето и облакот“

Сонцето:  Ама,тргни се од кај мене,што си ми се закачил.

Мене сите ме бараат,ме сакаат.Јас треба да светам,да греам,па децата ќе излезат надвор на прошетка.

Облакот:  Не, ќе те скријам, доста ти беше, сега јас треба да се испразнам.

Гледаш како сум се подул, полн сум со дождовни капки.

Сонцето:  Да ќе ги пуштиш капките и ќе ги избркаш децата и луѓето од парковите, улиците и дворовите. Сите ќе избегаат од тебе.

Пушти ме јас да греам.

Облакот:  Аман ти разбираш ли дека стомакот ми тежи, морам да го испразнам!

‒ А, да те прашам Сончко, знаеш ли дека сега е есен?  ‒ Земјоделците ги ораат нивите, па им треба дожд, земјата е сува а, ако не ја наводенам, семето нема да никне.

Освен тоа и поточето е празно, треба да го наполнам со вода, шумските животни ќе останат жедни без вода.

Сонцето:  Ама, ако јас не светам и греам нема да цветаат цвеќињата, нема да е зелена тревата, а и децата без сонце нема да се здрави!

Облакот:  Децата цело лето се сончаа на твоите зраци .

Туку, ајде признавам, ти си важен за луѓето, растенијата и животните.

Сонцето:  Навистина е така. Ама и без тебе не ќе има ни трева, ни цвеќиња, ниту храна и ти си важен!

Облакот:  Ајде да се договориме. Јас малку ќе истурам дожд а, потоа ти појави се!

Облакот и сонцето:  Кога сме сложни ‒ тогаш сме за сите корисни!

Ајде да си играме со зраците на сонцето.Кога е внатре, сонцето може да има повеќе бои.

Сонцето има повеќе бои

За оваа активност ви се потрeбни парчиња картон, листови хартија, боички, разнобојни цевки. На  средината на картонот нацртајте сонце а околу него нацртајте и исечете тесни ленти (во нив да собере парце од цевка).  Вака исечениот картон залепете го на друга картонска основа. На листови хартија повторно нацртајте сонца, но овој пат „играјте“  си со  боите на зраците од сонцето. Можете да нацртате најразлични комбинации од бои.  Соодветно на боите на нацртаните зраци исечете мали парченца од  пластични цевки.  Сега е време да си играме со сончевите зраци. Пред детето ставете го картонскиот шаблон  и дадете му на детето од нацртаните комбинации. Тоа ќе има задача гледајки ја нацртаната комбинација да ги вметне соодветните цевчиња во празните ленти и на тој начин да го направи истото сонце. На почетокот давајте му на детето поедноставни кобинации и постепено зголемувајте ја тежината на задачата со зголемување на боите во комбинацијата. Разговарајте со детето кои бои ги има сонцето, колку зраци од која боја имаме, кои зраци се горе а кои долу.

Кога грее сонцето сите сме будни, а кога ќе зајде си легнуваме. Ајде малку да си поиграме. Ајде да ја играме играта „Ден, ноќ“ .

„Ден, ноќ„

Оваа игра може да ја играме сите заедно и мама и тато и бато. Еден ги кажува зборчињата ден и ноќ, кога ќе го слушнеме зборчето ден сите стоиме, а кога ќе го слушнеме зборчето ноќ клекнуваме. Си ги менуваме улогите па друг член од семејството е тој кој ги дава инструкциите за игра.

Играме и внимаваме да не погрешиме,оној кој ќе погреши излегува од играта.Кој ќе остане последен тој  е победник.

Овие  активности ни овозможуваат да го поттикнеме целокупнит развој на децата

-целокупниот моторен развој-ја поттикнуваме и крупната и ситната моторика,одржувањето на рамнотежата

-координацијата на движењето

-координацијата око-рака

-когнитивниот развој-детето учи за боите,просторните релации,стекнува знаења за природата и природните појави,броевите,бројните количини....

-развој на говорот и збогатување на детскиот речник

За пролетта која ни носи и сонце и облаци една убава пролетна песна на следниот линк https://www.youtube.com/watch?v=Eylbmh4CLLM&list=PLGumt5_xWuDTvpqe2P9gdOaVd3ufd-8f1&index=20

Контактирајте нé

Contact Form Demo (#1)
Детска Градинка Астибо © 2024 All Rights Reserved
chevron-down