Здраво дечиња. Сите знаеме дека ни пристигна пролетта, а со пролета дојдоа и цветчињата, пеперутките, бубамарите... Денес имаме интересна задача а би сакала и вие да ми помогнете но, најпрво сакам да прочитаме една интересна приказна за бубамарата. Ве молам со внимание да ја прочитаме...
БУБАМАРА
Во ливадата живееше една бубамара со прекрасен црвен фустан. А, фустанот не беше само црвен. По него имаше мали, црни точки: една, две, три, четири, пет...Гледате ли колку?
Мама ја најде бубамарата на прозорецот. Таа долетала да се грее на сонцето. Мама и ја подаде раката. Бубамарата се мислеше, мислеше, а потоа почна да лази по раката. Најпрво по дланката, па по палецот. На крајот дојде до малиот прст. А, кога дојде до врвот на малиот прст, сакаше да лази уште понатаму. А, каде?
Тогаш брат ми ја стави својата рака до малиот прст на мама. Бубамарата помина на дланката на брат ми. Тој гледаше со мили очиња како бубамарата лази по неговата дланка, а потоа кон палецот. Дојде и до малиот прст. Требаше да лази и понатаму ...
Наеднаш ги отпушти тенките крилца и го рашири својот црвен фустан.И одлета кон ливадата..
А сега ќе ви кажам и една стихотворба ( или ќе испееме една песничка) за бубамарата
БУБАМАРА
Пет прстиња, пет прстиња се на една дланка
А ти мислиш бубамаро раката е гранка./2
Има долу ливади, зелени и цветни
Ќе те фатам бубамаро, летни бргу летни. /2
И сега ќе ми треба вашата помош. Ајде да направиме многу убави бубамари...
Потребно е: хартија во црвена и црна боја, ножички, лепило, цевче за сок или некое мало стапче, водени боички и четка и се разбира требаат и вашите вредни рачиња и насмевка... секако.
Ликовна игра : мали бубамари
Цел на активноста:
Со оваа активност се потикнува когнитивниот развој кај детето, а исто така се развива и фината моторика, се развива и говорот а се збогатува и речникот. Оваа активност помага кон сестран развој на личноста на детето.
Еве и една весела песничка за весели дечиња
https://l.facebook.com/l.php?u=https%3A%2F%2Fwww.youtube.com%2Fwatch%3Fv%3DofmGVzTYJSU%26fbclid%3DIwAR3YwzOQMjmxCQvrexKrQKQ4zaIrLSA2dGLURJzwykC-M0Gh96ikkvvIZ5k&h=AT1lNeuMxGdfWZ7vu2Ic7Q694YHVwqdyLHV1G44LrplXWTNDc1n2dEph1I4E-mkdUaRyGUYozfw708IMv_m63ic3Vyi2i0i0Fe5WGzTjeXHtkIPdkMzG4ZnAQxelrGJO3OY
Активноста е наменета за деца од 3-4 и 4-6 год.
Активноста е предлог на воспитувач А.Трајчова