Украсувањето на домот за време на велигденските празници носи пријатни моменти за целото семејство. Да се обидеме заедно со децата да изработиме велигденски декорации , а празничната атмосфера да ја надополниме со убави велигденски игри.
-Велигденска кошничка
Потребни материјали се: лист од блок, боички и ножички.
Нацртајте, избојте и исечете кошничка со слама. На друг лист нацртајте и избојте ги со основните бои, по своја желба велигденските јајца. Исечете ги велигденските јајца и залепете ги на сламата од кошничката.Велигденските кошнички ставете ги на изложба во вашата соба.
- Внимавај на јајцето
Потребно е лист од блок, ножички, фломастери, лепак, едно хартиено велигденско јајце и сламче.
Нацртајте круг со линија до пола. Исечете го кругот и линијата, спојте го кругот со преклопување и исечете го врвот за да направите простор за сламчето. Нацртајте ушиња и исечете а потоа залепете ги на кругот и нацртајте му носе и уста.Детето треба да дува во сламката и на тој начин ќе овозможи хартиеното јајце да лебди.
-Пронајди ги јајцата на кокошката
Потребни материјали: лист од блок, боички и ножички.
На лист нацртајте, избојте и исечете кокошка а покрај секоја од нив по 2-3 јајца на кои се нацртани геометриски форми. На друг лист нацртајте и декорирајте јајца кои се со исти геометриски фигури на нив. Вака декорираните јајца измешајте ги а задачата на детето ќе биде да пронајде кое јајце на која кокошка и припаѓа и да го стави во соодветното гнездо.
-Пренеси ги јајцата со лажица во кошничка
Потребни материјали: две чинии, две лажички, дрвени или пластични јајца.
За оваа активност е потребно на еден крај од собата да поставете сад наполнет со јајца(пластични или дрвени), а на другиот крај поставете празни садови.Детето ќе има задача да ги пренесува јајцата носејки ги во лажичка и да ги пушти во својот сад.Пребројте ги јајцата, споредете во чија корпа има повеќе јајца.Разговарајте кое дете има повеќе а кое помалку пренесени јајца.Побарајте од детето да се движи на различни начини дури ги пренесува јајцата.Пр.Да се движиме со ситни чекори како џуџе,ајде сега како џин.Да потскокнуваме како зајче или да се движиме како желка.Играта може да е натпреварувачка , а победник ќе биде детето кое пренело поголем број на јајца.
-Велигденски пајчиња
Потребни материјали:картонски кутивчиња од кои внатрешниот дел може да се извлекува,боички, ножички.
Отворете го надворешниот дел од кутивчињата и на него нацртајте контура на пајче.Детео нека го избои со боички по избор(водени, мрсни, дрвени), а потоа нека го исече. Пресвиткајте го и вметнете го во внатрешниот дел од кутивчето. Во секоја ставете по едно велигденско јајце.
-Велигденски зајчиња
Потребен материјал: чорапчиња, памук, украсна лента, нартија,ножички.
Дадете им на децата чорапчиња кои ќе ги наполнат со памук или друг вид на полнење(гравчиња, ориз,леќа). Врзете ги деловите од чорапчето за да оформите тело и ушиња.На крајот украсете го зајачето со лента и залепете му очи, носе, уста.Срарите чорапчиња ги претворивме во велигденски зајачиња.
На крајот да прочитаме и да се обидеме да научиме една убава песничка за Велигден
Велигден
Иде ден голем ден,
иде ден светол ден,
иде ден Велик ден
иде ден Велигден.
Чук јајце чукнете
чук јајце пукнете.
Ден,ден голем ден
Ден,ден Велигден.
Мама јајца купи
бојадиса црвено и
сите ги стави
Во кошниче дрвено.
Чук јајце чукнете
чук јајце пукнете.
Ден,ден голем ден,
Ден,ден Велигден
Играта е единствениот начин на кај децата учат. Овие интересни активности и игри ќе овозможат кај децата да се поттикне целокупниот психомоторен развој.Односно истите овозможуваа да се се поттикне:
-Моторниот развој: како крупната така и ситната моторика, одржувањето на рамнотежа
-Когнитивниот развој:децат усвојуваат знаења за математичи поими, броеви, бројни количини, геометриски форми
-Социо-емоционален развој:се поттикнуваат позитивни емоционални доживувања
-Збогатување на детскиот речник, поттикнување на правилната артикулација и правилното говорно изразување
Активноста е предлог на воспитувач Л.Симонова