Да го започнеме денот со една гатанка:
Ни по земја оди
ни по воздух
по мориња и океани
-дење, ноќе броди.
Секако погодувате – тоа се БРОДОВИ.
Денес ќе се запознаваме со Воден сообраќај и со превозните средства кои се движат по вода. Овде спаѓаат: брод ( бродовите можат да бидат големи или мали, а тоа ни зависи од тоа каде се движат, дали се движат по океани, мориња, езера и која е нивната намена), чамец, едрилица, глисер, подморница.
Некои од овие превозни средства сигурно сте ги виделе кога сте летувале со вашите родители било на езеро или на море. А, можеби и сте пловеле со некои од нив.
Но, сигурно и знаете како се вика чичкото кој ги управува овие превозни средства – тој чичко се вика Капетан и тој секогаш е облечен во бела униформа и има бела капа.
Местото каде застануваат бродовите за да земат или да остават патници или одредени други работи се вика Пристаниште. На пристаништето секој брод си има точно определено место каде треба да застане.
Да продолжиме со забавни активности.
Моето бротче
За оваа игра ни се потребни колаж хартија, лепак и бел лист. Од колаж хартија детето ги сече деловите од бродот.Вака исечените делови ги лепи на листот хартија . Поттикнете го детето да го дополни колажот со цртање на сонце, облаци, птици, море, риби...
Во текот на играта разговарајте за боите на колаж хартијата, за формите со кои го формиравте бродот.
Пр.„ Колку триаголници има нашиот брод ?“
„Кој триаголник е помал , а кој триаголник е поголем“
„Со каква боја се круговите на бродот ?“
Оригами брод
Со колаж хартија можеме да изработиме и оригами- брод. Уживајте ЗАЕДНО со своето дете во сопствената креација која потоа ќе заплови.
Еве погледнете на овој линк како најлесно да направиме брод и потоа секако ни преостанува да си играме. Забавувајте се!!! https://www.youtube.com/watch?v=isa-3aDyJhA
Бродот плови,бродот плови
Ајде да се обидеме да направиме брод со нашето тело. Ова е интересна вежба за децата и вистински предизвик за родителите. Поттикнете го детето со своето тело да се движи како брод на мирно или разбранувано море.
А можеме и во пар. Ајде да заплови „бродот“. Децата се држат за раце и се движат напред-назад имитирајки како веслаат со весла.
– На патување:
Активноста овозможува поттикнувањев на повеќе сегменти од детскиот развој.Овозможува поттикнување на когнитивниот развој , збогатување на детското знаење за водениот сообраќај, формите , боите, бројните количини. Се овозможува збогатување на детскиот речник и се поттикнува културното однесување. Манипулирањето со ножичка и ликовното изразување се начини на поттикнување на фината моторика, координацијата око-рака. Поттикнувањето на крупната моторика е исто така дел од оваа активност.
Активноста е предлог на воспитувач М.Беќарова
Нашето патување да го завршиме со убава песничка