ВРЕМЕ НА ПРАЗНИЦИ-ВРЕМЕ НА ВНИМАНИЕ КОН СИТЕ

Периодот на празници кај сите нас ги буди позитивните емоции,  сите сме разнежнети, покажуваме љубов, емпатија кон семејството и другите. Целото ова расположение влијае на сите членови од семејството а најмногу на децата. Сите се чувствуваме радосно среќно со сите ситни активности кои ни предизвикуваат чувства на задоволство и среќа. Позитивната енергија во семејството уште повеќе ја чувствуваат децата доколку активно ги вклучите во празничните активности како помагање при боење на јајца, подготовка на салати, колачи, но најголема среќа и љубов покажуваат кон милениците кои ги имате во домот.

Грижата за милениците е многу важен елемент во раниот детски развој затоа што кај децата го поттикнува развојот на чувството на одговорност , што има големо влијание за понатамошниот раст и развој. Студиите кои се направени за влијанието на милениците во развојот на децата покажуваат дека :

- децата стекнуваат чувство на одговорност кон  милениците  со тоа што ќе им овозможите и ќе ги потсетувате навремено да ги хранат, да им ги чистат садовите од кои пијат вода или се хранат, помагаат во чистење на местото каде што престојуваат милениците – ЗАЕДНО со родителите;

- стекнуваат правилни и здрави навики – задоволството и среќата на миленичето е одговорност на децата – дали ќе биде нахрането, дали ќе живее во чиста средина , колку внимание и љубов ќе му биде посветено на миленичето;

- како ќе се однесува детето кон миленичето така ќе се однесува тоа кон детето – стекнува причинско – последични врски во однесувањето -  или ако зборува гласно или несоодветно – тогаш миленичето ќе бега и нема да сака да се дружи со детето, или ако му покаже внимание, миленичето ќе сака да се дружи со него, ова е важно за создавање на социјални врски со членовите од семејството , брат – сестра или со другарчињата од градинка;

Позитивното влијание на животните во денешно време своја примена наоѓа во денешно време во терапијата на децата со потешкотии во развојот.PET (pet assisted therapy) односно терапијата со помош на животни се покажала како успешна кога е спроведувана со децата со ADHD (хиперактивност и проблем со вниманието ) за кое веќе постојат пилот студии.

Кај децата кои се наоѓаат во аутистичниот спектар на однесување забележано е дека контактот со животни особено контактот со кучиња го поттикнува фокусирањето и способноста за комуникација.Како позитивна се покажала исто така и терапијата со коњи.Терапијата со коњи (хипотерапијата) се применува кај децата кои имаат проблем со моториката, децата со хронични заболувања, децата со оштетен вид и слух. Лицата со оштетен вид  ја зголемуваат својата независност и самостојност во движењето со специјално дресирани кучиња-водичи.Во некои делови од светот се отворени и специјализирани клиники за спроведување на терапија со делфини која се покажала исто благотворна во подобрувањето на психофизичката состојба на децата и подобрување на нивните  комуникативни способности.

Но она што е заедничко за сите деца и сите животни е дека се отворени за безусловна љубов и  поврзување. Затоа пријателството меѓу децата и животните е навистина искрено.Истото треба да се негува и ќе преставува основа за правилен социо-емоционален развој на децата.

Ова се само некои од придобивнките кои ги имаат децата кои во својот дом имаат милениче, а освен тоа во ова време кога сите сме упатени едни на други, милениците може да го релаксираат семејството, на децата да им помогнат да ја насочат и истрошат енергијата која ја имаат во изобилство а притоа и нешто да научиме сите ЗАЕДНО.

Ве охрабруваме да споделите со нас фотографии на децата со вашите миленици и грижата за нив.

Контактирајте нé

Contact Form Demo (#1)
Детска Градинка Астибо © 2024 All Rights Reserved
chevron-down