ДЕН НА МАКЕДОНСКАТА АЗБУКА

Песна за
МАКЕДОНСКАТА АЗБУКА
- Чук-чук!

- Кој чука?

- Јас сум, твојата,

македонска азбука!

- Што, тука?

- Дојдов,

да ме учиш,

да ме знаеш,

од А до Ш,

да пишуваш

и читаш..

Со мене многу

ќе вредиш,

цел свет ќе

го патуваш

а дома ќе седиш!

Стихови: Ванчо Полазаревски

извор : списание за деца „ Росица “

НА БУКВА , НА БУКВА ( НА ГЛАСОТ, НА ГЛАСОТ )

Играта ја играме на тема ,,мојата омилена играчка‘‘. Децата се седнати на столчиња. Околу нив насекаде има изложено играчки. Кога воспитувачката ќе каже  на гласот, на гласот ,,М‘‘ децата треба да  погодат за која играчка станува збор - ,,Мече‘‘-. Детето кое ќе погоди за која играчка станува збор , кажува на гласот , на гласот . Играта трае сé додека има интерес кај децата.

Оваа игра може да се игра секаде и да се користат поими на предмети , жива природа и тн. по избор на воспитувачката со цел збогатување на речникот кај децата , дискриминација и артикулација на одредени гласови.

ИГРА СО БУКВИ

На лист хартија залепете апликации од различни предмети, а на спротивната страна напишете ги почетните букви на предметите.Именувајте ги предметите, посочете му на детето која е почетна буква,поврзете ги апликациите со почетните букви.Активноста има за цел децата да се запознаат со буквите(гласовите) од нашата азбука од најмала возраст.

Играта може да се игра во секој момент и на секое место.Секој предмет што ќе го видите а ќе го разбуди детското внимание именувајте го,посочете ја почетната буква.Пр. балон-, б,-балон

Една прекрасна песна која е хит за сите генерации

https://l.facebook.com/l.php?u=https%3A%2F%2Fwww.youtube.com%2Fwatch%3Fv%3D1To_P7kwsds%26fbclid%3DIwAR0Em_CCwssVz6hM1qsDpF_9KUPH0HHDqo6Xyida5VgQo3oeBzatoRpAmvQ&h=AT3ohTdgFKPbKXRg7y54Uh1x7-mtG8h0TLjNXZbbzYKWlUcT5Er67BGjiNIEN3Gf2h_ilYCI4AhPuj-y7_rVbTteb7AzCSxKxNzema_6nRiu2N1eshSMk06G7xZ4cdLcTiI

Контактирајте нé

Детска Градинка Астибо © 2021 All Rights Reserved
chevron-down