Почитувани родители,
ЕДУИНО преставува националната веб платформа за образование која е администрирана и предводена од Бирото за развој на образование.Бирото за развој на образование заедно со Министерството за образование и наука и Министерството за труд и социјална политика ќе се вклучат во промоција на платформата како и во процесот на одобрување на нови предлог игри, активности и материјали.
Тука ќе можете да најдете видео лекции, ресурси, игри и разни активности во поддршка на воспитно-образовниот процес. Едуино има за цел да креира нови ресурси, да организира веќе постоечки и да расте и да се развива заедно со учениците, наставниците и родителите.
Пристап кон ЕДУИНО имате преку следниот линк