ЖЕЛЕЗНИЧКИ СООБРАЌАЈ

Децата  секојдневно се учесници во сообраќајот.Со родителите тие патуваат  од дома до градинка, до паркот, до продавницата . Но што значи поимот сообраќај? Сообраќај претставува нестопанска гранка чија цел е пренос на луѓе, стока, материјали, вести од едно место до друго место. За подобро да функционираат и да се движат луѓето и материјалите сообраќајот е поделен на: копнен, воден и воздушен. Денес сакам да се зборуваме за еден поинаков вид на сообраќај поразличен од нашиот секојдневен, поточно со железничкиот сообраќај.  Железничкиот сообраќај е втор основен вид на копнениот сообраќај и најчесто го надополнува патниот сообраќај во кој вие секојдневно учествувате. Железничкиот сообраќај претставува транспорт на патници и стока по пруга.  Тоа се две паралелни челични шини кои се монтирани на дрвени или бетонски прагови распределени на одредено растојание поставени на цврста подлога-земја.

Железничкиот сообраќај се појавил многу одамна. Тоа биле железни вагони кои се движеле по шини и се употребувале во рудниците за превоз на ископана руда а биле влечени од коњи. Потоа била измислена првата парна локомотива.

Локомотива претставува железничко возило кое придвижува повеќе вагони наредени во воз  влечејќи го или туркајќи го, а возот претставува композиција од повеќе шински вагони кои се влечени или туркани од една или повеќе локомотиви. Во вагоните може да се пренесуваат разни предмети, луѓе, животни, а во некои вагони се пренесуваат и нафта и бензин.

Со развојот на железницата, по парната локомотива се појавиле и дизел, електрични и возови на магнетни перници. Железничкиот сообраќај којшто служи за превоз на луѓе е толку многу усовршен што се измислени и супербрзи возови, дури има и канали под вода каде сообраќаат низ тие тунели т.н. шатл возови,

Низ големите градови во светот постои и трамвај и метро. Трамвајот може да се движи наземно или во комбинација наземно и подземно и е еден од најраспространетите модерни форми на градски превоз во светот, придвижуван со помош на струја.

Метрото е подземен шински превоз кој што е многу брз и служи за превоз на луѓе кои за побрзо време стигнуваат до саканата дестинација.

Како се вика човекот кој што управува со локомотивата? Тој се вика машиновозач,

Зорица Петрова, првата жена машиновозач која ги урива стереотипите ...

додека  човекот којшто оди по вагоните наплаќа и ги проверува билетите се вика кондуктер.

Željeznicom ka jugu BiH: Pruga na kojoj su sklopljena brojna ...

Местото каде што застанува возот се нарекува железничка станица.

Скопје догодина ќе има целосно реновирана Железничка станица | Денар

Постојат уште и професиите скретничар и железничар.Скретничар е човек кој што е задолжен за возниот ред, а железничар е лицето кое ги пречекува и испраќа возовите на секоја станица со специјална палка и свирче.

Priča u fotografijama: 57-godišnji skretničar sa Željezničke ...
Bulgarian Railroad Workers Ready for National Strike - Novinite ...

Дали вие деца некогаш сте виделе воз или пак можеби сте се возеле во воз? Ајде да прочитаме еден текст за едно девојче по име Кате кое што со нетрпение секојдневно го очекуваше малиот воз за да му мавне со рачињата.

МАЛИОТ ВОЗ

Малиот воз секојдневно поминуваше покрај зелената брезова шумичка, покрај сината река и покрај шарената ливада. На ливадата Кате го пасеше своето стадо. Возот никогаш не забораваше да му се јави на девојчето. Првин ќе се појавеше зачадената локомотива зад која се извиваше облаче чад, а зад неа клопотеа трите вагони во кои беа патниците.

-Ту- ту! Ту- ту! – се огласуваше големиот воз.

-Еееееј! Ееее! – му одговараше Кате.

Таа секогаш истрчуваше пред него и весело му мавташе. А малиот воз, иако гореше од желба да застане, никогаш не застануваше. Мораше навреме да стигне на станицата каде го очекуваа други патници и чичкото со црвена капа...Кате остануваше тажна. Мораше да чека до утре кога пак ќе се појави. За Кате тоа беше предолго.

Еден ден малиот воз реши да застане крај Кате. Посака да се огледа во бистрата река, да се одмори крај шарената ливада и да и ја подаде на Кате својата исчадена рака.

-Ту-ту! Ту-туууу! –се најави малиот воз од зад планата, смислувајќи му на својот машиновозач измама. Кате потрча покрај пругата повикувајќи го малиот воз да застане. Тогаш возот почна да го забавува својот од.

-Чкрип, -чкрип, чкрип...- запеа возот и застана. Се зачуди стариот машиновозач, се зачуди мускулестиот кондуктер, се зачудија сите патници и ги подадоа главите низ прозорецот. Само Кате не се зачуди. Таа знаеше дека малиот воз ќе застане еднаш. А тој весело и намигна и испушти малку пареа. Тоа беше нивна тајна. Возот не беше расипан. Тој застана заради Кате. Машиновозачот и кондуктерот не го знаеја тоа.

Машиновозачот побрза да ја поправи локомотивата и да го раздвижи возот. Но тоа не беше така лесно. А за тоа време Кате го разгледуваше возот. Патниците излегоа на ливадата, па мускулестиот кондуктер мораше да ги собира со свирчето за да не задоцнат. Потоа пак весело одекна:

-Ту-ту!Ту-ту, туууу! Тоа малиот воз и довикуваше на Кате:

-Довидување, девојче! Ќе се видиме пак. Чувај ја нашата тајна! Кате стоеше долго, долго му мавташе со рачето на малиот воз, се додека тој не се изгуби зад блиската планина.

Автор на текстот-Јовица Ѓурѓиќ

Кате беше многу среќна што го разгледа возот. Ви предлагам и вие со мама и тато да отидете  до нашата железничка станица и да се запознаете со железничката сигнализација и со возот.

А сега ајде заедно да изработиме возче.

ВОЗ ОД ГЕОМЕТРИСКИ ФОРМИ: Нацртајте и исечете правоаголници, триаголници кругови од хартија во боја, доколку немате хартија во боја децата можат да ги избојат од обичен лист од блок.

Децата имаат за цел да залепат два листа од блок и со темперни бои да нацртаат шини.

Потоа од геометриските форми да формираат воз.

На вагоните ќе залепите трака со кругчиња така што колку кругчиња ќе има тој број ќе го запишете на вагонот.

Децата ќе имаат за цел да ги подредат вагоните според  бројот а помалите деца може да ги бројат кругчињата.

На вагоните оставете ја горната страна не залепена за да може да се ставаат внатре во вагонот лентички од хартија кои што сами ќе ги исечете.

Со фломастер ќе ги поврзете вагоните и ќе нацртате чад од локомотивата.

Во продолжение друга задача ќе им биде да постават лентички од хартија во вагоните според бојата и според бројот.

Со лентичките може да правите и други комбинации. На пр. Во секој вагон постави лентички со различна боја од вагонот; Која лентичка не припаѓа на бојата со вагонот; Постави еднаков број на лентички во секој вагон и сл. На овој начин со возот може да играте и да учите ЗАЕДНО со децата.

ВОЗ ОД ТОАЛЕТНИ РОЛНИ: За оваа активност е потребно неколку тоалетни ролни, капачиња, темперни бои, врвка, лепило и желба за игра. Избојте ги ролните од тоалет со темперни бои.Нека се исушат. Потоа со ножичка направете им дупчиња и спровнете врвка со што ќе ги поврзете ролните. На првата и последната ролна додадете им и кабина од пола ролна и залепете им капачиња, а може и со помош на чачкалица да ги поставите капачињата.Така ќе добиете возче од рециклирачки материјали со кое ќе може секојдневно да си играте.

ВКУСЕН ВОЗ: За оваа активност е потребно бисквити, банана и шлаг. Од бисквитите формирајте ги локомотивата и вагоните, поврзете ги со шлаг. Поставете им кругчиња од банана за тркала а со шлагот поставете ја шината и оформете го чадот од локомотивата.Вкусниот и декоративен десерт е готов за минута, а среќата, возбудата, задоволството и уживањето кај децата е безгранично.

За крај пробајте да запомните и некој стих од приложената стихотворба за возот.

  ВОЗ

Тропа, тропа возот,

По рамните шини.

Низ тунелот оди

По мостови мине.

-Кој има во возот?

-Деца, жени, мажи...

-Кај ги носи возот?

Каде одат кажи!

-На гости, по дома,

Во градови, села.

Возот сешто носи

Низ земјата цела.

Автор-Видое Подгорец

Со овие активности се постигнува сестран развој на детето, се развива фината моторика, се збогатува речникот, се поттикнува интересот кон користење на различни ликовни и неликовни материјали за креативно изразување, се воведува во некои делови од сообраќајната култура,се поттикнува способноста за разликување и именување на основните бои и геометриски форми и класифицирање според боја и според бројна количина, поврзување на бројна количина со број, се воведуваат во поимите припаѓа-не припаѓа , а доаѓа до израз и креативноста во секојдневието.

Активноста е предлог на воспитувач Е.Пиперевска

Ајде со песна да патуваме

Контактирајте нé

Contact Form Demo (#1)
Детска Градинка Астибо © 2024 All Rights Reserved
chevron-down