КОЛКУ ЌЕ ПОГОДАМ??????

ВРЕМЕНСКИ ПРОГНОЗЕР

Кога секојдневно има големи промени во временските услови, интересно е да водите календар на природата ЗАЕДНО со вашите деца. Подгответе на еден лист табела во која ќе ги напишете сите денови од неделата, и секое утро ќе нацртате соодветен знак според тоа како го гледаат децата, а во вториот ред да нацртаат како се чувствуваат. Оваа активност е забавна за сите, од децата може да побарате да ви претстават временска прогноза за утрешниот ден, па да видите дали ќе се оствари предвидувањето. Или пак на крајот на неделата може да разговарате за тоа како детето се чувствувало согласно временските прилики или неприлики, кога наместо сонце паѓа снег.

Оваа активност е реализирана во групата на воспитувачките Н.Ц.Накова и С.Шалева.

Ајде,малку да се раздвижиме  а многу да се радуваме.

КУГЛАЊЕ

Наредени се кегли во различни бои и според правилата на играта децата едно по едно се обидуваат да турнат што е можно повеќе кегли. На графикон поставен на ѕидот - табла,  децата запишуваат колку кегли турнале со куглата, со која боја се кеглите, притоа гласно ги именуваат.  Победник е оној што турнал најголем број на кегли. Во графиконот треба да го препознае бројот на турнати кегли, да стави знак или да нацрта кегли ... или нешто што му е интересно на детето.

Потребни средства : комплет за куглање, графикон, фломастери

Оваа игра е реализирана во групата на воспитувачките К.Трајкова и С.Вујовиќ.

Начин 2

Оваа игра преставува комбинација на играта куглање и активноста боцкање на боцкалки. Детето откако ќе турне одреден број на кегли кои се со различна боја, резултат го забележуваме со боцкање на боцкалки( пр. За три турнати црвени кегли детето боцка три црвени боцкалки.) Со боцкалките се формираат низи поставени една под  друга чија должина ја споредуваме. Во текот на активноста детето пребројува бројна количина и со истата поврзува број кој треба претходно треба да го препознае и соедини со дадената бројна количина.

Потребни средства

комплет за куглање, комплет боцкалки, апликации со цифри на броеви

За да ја направиме оваа игра уште поинтересна,самите можеме да си ги изработиме кеглите.За  тоа ќе ни бидат потребни 10 парчиња од внатрешниот картонки дел од тоалетна хартија,хартија во боја,боички.На секоја од картонските ролни лепиме парче од обоената хартија(жолта,црвена,портокалова,зелена,сина).Имаме 5 бои а од секоја боја по 2 ролни.

Нашите кегли ги редиме по наша желба.Играме по добро познатото правило,детето ја фрла  топката  кон кеглите.Со детето може да разговараме за тоа кои бои ги турнало.Пр.Ајде да видиме кои бои паднале.Погледни паднаа црвени,зелена и сина .

Резултатот може да го запишеме на различни начини.Помалите деца пишуваат линии во полето со соодветна боја.Пр.Две црвени линии за две турнати црвени кегли во полето обележано со црвена боја.Поголемите деца може да ја запишуваат цифрата на бројот соодветна на турнатите кегли.

Запишаниот број до напишаните овозможува поврзување на бројот со соодветна бројна количина.На овој начин детето ја разбира суштината  и вредноста на цифрата на секој број.

На картонските ролни  од тоалетна хартија запишуваме цифри на броеви од 1 до 10.Детето ја фрла топката кон ,,кеглите“ во обид да турне повеќе.Детето ги препознава и именува паднатите  броеви.

На лист ги пишуваме броевите од 1 до 10.Детето ги заокружува броевите  соодветно на турнатите кегли.Односно ги закружува они броеви кои ,,паднале“.

Поголемите деца кои веќе знаат да собираат може да ги собираат броевите од турнатите кегли,односно  на овој нажин да собираат поени.Играта може да е со натпреварувачки карактер,доколку ја играат повеќе деца.Победник е детето  кое освоило повеќе поени.

Оваа игра овозможува поттикнувањена

-Когнитивниот развој- стекнување на знаења за бои,броеви,бројни количини,поимите повеќе-помалку,...

-Моторен развој-се поттикнува крупната и ситната моторика,способноста за одржување на рамнотежа

-Координација на движење

-Координацијата око-рака

-Се пооттикнува натпреварувачкиот дух и позитивното емоционално доживување

-Самодовербата која е од огромно значење за правилниот емоционален развој на детето исто така е поттикната од постигнатите успеси во играта

Контактирајте нé

Contact Form Demo (#1)
Детска Градинка Астибо © 2024 All Rights Reserved
chevron-down