Во основата на детскиот развој е играта. Играта е од особено значење во првите години од детскиот живот.Таа преставува начин на живот, начин на учење, начин на изразување, начин на комуникација на детето со другите деца и со средината во која живее. Игрите кои во себе како главен сегмент го имаат движењето се во основата на развој на сите детски игри и во основата на развојот на детскиот интелект.Играта му овозможува на детето созревање, развој ,учење без напор и е исполнета со позитивно емоционално доживување кое пак е во основата на изградувањето на емоционално зрела и стабилна личност во иднина. Затоа овозможете му на детето да игра надвор и внатре, да игра во секој момент а уште поважно играјте ЗАЕДНО и создавајте моменти за паметење.
Неколку предлог игри за кои ви се потребни само креда, слободен простор и огромна желба за игра ,која на децата секако дека не им недостасува.
За секоја игра потребно е за истата да се постават правилата и добро да се организира .
РЕЧЕН БРЕГ
Игрите на отворено кои вклучуваат повеќе деца , децата многу ги сакаат и истите се од огромно значење за развојот на детската личност. Оваа игра вклучува десетина деца и трае десетина минути.
Децата застануваат позади линијата која предходно сме ја нацртале на асфалтот.(децата внимаваат на мегусебното растојание кое во сегашните услови е задолжително)
Играта можеме да ја организираме на најразлични начини и на децата да им поставуваме различни задачи.Еве еден пример за игра која ја нарековме Речен брег.
Децата застануваат едно позади друго до линијата .
река-децата треба да скокнат напред
брег- децата скокаат наназад
речен брег-децата со едната нога го прескокнуваат брегот(линијата) и влегуваат во водата
РАЗИГРАН КРУГ
Уште една игра исполнета со движење и радост. Децата нека застанат во круг,повторно внимавајки на мегусебното растојание.
Договорете ги правилата на движење на децата во кругот. Изберете водач на играта кој ќе ги поставува барањата. Менувајте ги улогите во играта. Пример за договорени движења:
-оди- децата полека се движат во круг
-стоп -децата застануваат
-сврти-децата со кренати раце се вртат во друга насока и застануваат
круг-децата со кренати раце скокаат и се обидуваат да се свртат околу својата оска
Детето кое нема да ги изведе движењата правилно, скока 5 пати во висина пред повторно да се врати во игра.
Игрите на отворено го поттикнуваат моторниот развој,координацијата на телото,деловите од телото и ја поттикнуваат способноста за одржување на рамнотежа.Заедничките игри овозможуваат правилен социо-емоционален развој а исто така ја поттикнуваат самодовербата,иницијативноста и натпреварувачкиот дух.
Активноста е предлог на воспитувач Д.Б.Кировска
Ајде да продолжиме да се движиме,со звуците на една убава песничка.