КОЛКУ ПОРАСНАВМЕ???????

Ајде да прололжиме да мериме.Еве уште еден начин како да го направиме тоа.Оваа активност е една од варијантите на претходната активност кога децата мереа со апликации од дланки и стапки.

Mожеме и вака.

Децата може да користат  педи за да се измерат мегусебно.Едното дете лежи долу а другото го мери.Мерењето го прави со тоа што  ја  шири дланката ,а веднаш до неа ја  става другото дланка(раширена).На овој начин прави  замислена низа од педи.Во исто време ги броиме педите кои детето ги прави.

Можеме да се мериме со стапки.Детето лежи а другото оди покрај него ,поставувајки ги стапалата едно пред друго-прстињата да ја допрат петата на другото стапало.Ги броиме стапките и на овој начин утврдуваме кое дете колку е високо.

За да не заборавиме, ајде да запишеме.

Резултатите од мерењето децата може да ги запишат на различни начини во зависност од возраста на детето.

Помалите деца може да запишуваат одредена бројна количина со пишување на линии.Во овој случај со детето заедно ги броиме напишаните линии.

Детето може да го запише резултатот со пишување на цифра на број(соодветна на измереното) кога детето ги препознава и може да ги пишува броевите.

Ајде да покажеме  со прстиња.Еве 10 прстиња.

Поврзувањето на бројна количина со соодветен број е исто така многу значајно.Затоа покрај линиите напишете го и соодветниот број.Споредете каде има повеќе линии,каде има помалку линии.Кој број е поголем,а кој помал.

Оваа игра овозможува поттикнување на

-Когнитивниот развој-препознавање на бројна количина и броеви,поврзување на бројна количина со број,усвојување на поимите повеќе помалку....

-Фин моторен развој-пишувањето и цртањето на хоризонталан или вертикална површина е постојан поттик за развој на графомоторните способност

-Груб моторен развој-одржувањето на рамнотежа при одење нога пред нога и координирано движење

-Координација око-рака

-Развој на говор-поотикнување на говорот и збогатување на детскиот речник

Мал предлог за убава музика,поврзана со големата желба за растење

https://l.facebook.com/l.php?u=https%3A%2F%2Fwww.youtube.com%2Fwatch%3Fv%3DzIMVUagkjaM%26fbclid%3DIwAR2u7IjanxhVc3JqnDykeT8q4n1LqLUngD_SK7iz4wV8uUgk4WVkch_lr4s&h=AT0PMkdTctD357UGDAnm-OZnsNIxyVvDMT0DgMlrLbX5I4ndS0xaraPuFJLOqGHFRGk2YPob9GjAFs_VaC9a9fuOj1gvfA3I-jyyVb53MvhBbPU7wyIcQADLipbTvSw5Z6Aq93M9ppXK

Контактирајте нé

Contact Form Demo (#1)
Детска Градинка Астибо © 2024 All Rights Reserved
chevron-down