Децата навистина бргу растат,а тие тоа сакаат да го знаат и покажат.Затоа и сакаат да се измерат ,да се споредат со дада,бато.Мерењето може да биде на најразлични начини а не само стандардно со сантиметри.Ви нудиме игра со која децата ќе можат да се запознаат со процесот на мерење на малку поинаков начин,начин кој за нив може да е интересен,мерење со нестандардни мерки.
Ви предлагаме оваа активност да ја направите сега и истата да ја повторите кога децата ќе се вратат во градинка и да видите колку многу децата пораснале.
Да мериме со дланки и стапалки
На децата им даваме бели листови хартија на кои тие ги цртаат своите дланки и стапала.
За оваа игра ни требаат по 10 стапалки или 10 дланки.Нацртаните дланки и стапалки децата треба да ги обојат по своја желба.На секоја од стапалките или дланките пишуваме број од 1 до 10.
Играта ја продолжуваме со сечење и поттикнување на детската способност за користење на ножички и сечење по дадена контура.
Кога ќе ги имаме сите дланки или стапалки исечено ја започнуваме играта за мерење.Децата сакаат да мерат,а особено сакаат да измерат колку тие пораснале.
Децата може да се измерат на различни начини
-Детето лежи на подот а до него ги поставуваме дланките или стапалките .На овој начин детето може да види клоку стапалки или дланки е ,,големо,,На децата им посочуваме колку тие пораснале.
Пр.,,Ти си 6 дланки висок .,,
-,,Ти си 7 стапалки висока,,
-Кој е повисок и зошто?Заедно со дада или бато лежат на подот а помеѓу нив ги поставуваме дланките или стапалките.
-,,Дада е висока 10 дланки,,,,Бато е висок 10 стапалки.,,
-,,Дада е повисока,затоа што е поголема.,,
Може да ги споредиме нивните стапалки или дланки.Пр.,,Бато е поголем и има поголемо стапало.,,
-Ајде да споредиме.Дланките ги лепиме на ѕидот на кој имаме залепено детско метро .на овој начин може да направиме споредба помегу стандардните и нестандардните начини на мерење.
Детето може да ги користи за самото да измери предмети кои му се во близина.Пр.Ајде да го измереме столчето.Ајде да го измериме кебенцето.
Оваа игра нуди можности за поттикнување на целокупниот развој на детето.Играта го поттикнува
-Когнитивниот развој- препознавање и учење на цифри броеви,бројни количиниредење во низа,бои,релации поголемо од,помало од,горе,долу,...
-Фин моторен развој цртањето ,боењето,сечењето се активности кои децата ги сакаат а се од огромно значење за моторниот развој
-Координација око-рака која е од огромно значење за понатамошниот процес за совладување на процесот на пишување
-Груб моторен развој
-Развој на говорот , правилното изразување,комуникација
-Социо-емоционалниот развој игрите се единствениот начин на кој детето учи ,бидејки истата е најблиска на детската природа и истата носи задоволство,радост,ја поттикнува детската самодоверба.