КОПНЕН СООБРАЌАЈ

Сообраќај е превоз на луѓе (патници)  и  разни производи (стоки). Сообраќајот може да се одвива:

  • на копно,
  • по вода
  • во воздух

Во копнениот сообраќај учествуваат и пешаците и разни превозни средства: автомобили, автобуси, камиони, возови, велосипеди, мотоцикли, и други. Копнениот сообраќај може да се одвива во населените места, како градовите, населбите, селата. Но може да се одвива и надвор од нив.

Сообраќајот се одвива со помош на сообраќајни средства (превозни средства).

Копнениот сообраќај се одвива по:

  • улици,
  • патишта и
  • шини

Сообраќајни средства што се движат по улици и патишта. Ајде да ги наброиме:

-Автомобил

-Автобус

-Камион

-Комбе

-Мопед

-Велосипед

Сите учесници во копнениот сообраќај имаат свои посебни патеки по кои се движат. Пешаците се движат по тротоарите, велосипедите по велосипедските патеки, автомобилите, автобусите, камионите се движат по обележани улици, односно коловози и патишта. Бидејќи учесниците во копнениот сообраќај се многубројни, за да има ред меѓу нив и за регулирање на движењето, постојат низа сообраќајни правила, сообраќајни знаци, пешачки премини, сообраќајни полицајци кои помагаат при движењето на возилата.

Коловози

Пешачки премин- Зебра

Велосипедска  и пешачка патека

Ајде малку да погодуваме. Еве неколку гатанки:

Има осумаголна глава

само тој е затоа,

дури и патен знак најважен,

и на сите - ЗАСТАНИ! - ќе се каже!

Знакот СТОП

Отиваме на психотест ако не спрем на знак “Стоп” – Нова Варна

Во далечната Африка,

нека се шета по пижама.

Тука му служи на човекот

и нема право да спие!

Пешачки премин- Зебра

Дедо и внук повредени на пешачки премин во Штип - Нова Македонија

По неа да одиш е опасно!

Кога ја преминуваш, запомни:

погледни лево, десно

и дури тогаш помини!

Улица

Општина Центар ја започна изградбата на втората „Боемска улица ...

Среде раскрсница исправен стои,

тој е најглавен на патот.

Кој да тргне, кој да сопре,

со палката контролира.

Сообраќаец

Prvenstvo prolaza u raskrsnici, pravila saobracaja - Auto skola ...

Што значат светлата на семафорот ќе ни каже песничката:

СЕМАФОР

Семафор сум дете имам светла три

кажи како работам ако знаеш ти,

црвеното светло значи пази, „СТОЈ“

детето го здогледа застана во строј.

Семафор сум дете имам светла три

кажи како работам ако знаеш ти,

жолто кога свети како сончев зрак,

детето на преминот чека зелен знак.

Семафор сум дете имам светла три

кажи како работам ако знаеш ти,

зелено штом свети како в гора лист

детето ќе помине патот му е чист.

Ајде заедно да изработиме семафор.

Потребен материјал:

  • кутија од сируп (правоаголна картонска кутија која ја имаме дома: од паста за заби, крема за лице/тело и сл.)
  • црна самолеплива хартија*
  • самолеплива* хартија во следните бои: црвена, жолта и зелена
  • ножици
  • лепило
  • цевка за пиење сок (може и стапче од сладолед, стар фломастер и сл)
  •  

* може да се користи и обична хартија во боја

Изработка:

Кутијата се облепува со црна хартија.

Од хартијата во боја сечеме по еден круг: црвен, жолт и зелен. Круговите ги лепиме врз претходно подготвената кутија. На крај на долната страна ја прицврстуваме цевката како држач на семафорот.

Пронајди го своето паркинг место

На подлога од картон нацртајте паркинг на кој паркинг местата ќе ги обележете со бројки од 1 до 5. На покривот на автомобилите залепете броеви од 1 до 5. Играјте и возете ЗАЕДНО со вашето дете а потоа паркирајте ги  автомобилите. Разговарајте за броевите и учете ги низ игра. Побарајте од детето пр. „Ајде сега ти ќе ја возиш и ќе ја паркираш колата со број 2 а јас со број 5„.

Подреди ги автомобилите по големина (серијација)

Децата имаат автомобилчиња во различни бои и различни големини. Едните се поголеми, другите помали. Побарајте од детето да ги нареди по големина, почнувајки од најмалиот  кон најголемиот или обратно. Може да ги подредува едно до друго или пак едно позади друго . На овој начин детето формира низи односно детето врши серијација по големина. Играјте со детето и разговарајте. „Кое автомобилче е поголемо од црвеното?“

„Кое автомобилче е најмало?“. Со игра разговор, прашања овозможете му на детето усвојување на поимите го мало-големо, помало-поголемо, најмало-најголемо.

Надополнете ја играта со прашањата „Кој автомобил стои пред црвениот автомобил?“

или побарајте од детето „Стави го синиот автомобил пред црвениот автомобил“

На овој начин децата ги усвојуваат поимите пред и зад.

Големи и мали автомобили (класификација)

Играјте, забавувајте се и низ игра учете. Ајде да ги поделиме автомобилите на големи и мали. Децата од купот колички низ игра формираат две групи (класи ) автомобили. На овој начин децата ги усвојуваат поимите големо-мало  низ процес на класификација.

Возиме на полигон

Доколку имате готов полигон искористете го него, а можете и сами да го нацртате на лист хартија или на бетонска основа. После подготвениот полигон уживајте во возењето, но не заборавајте да внимавате на сообраќајните правила. Застанете кога ќе наидете на знакот стоп, секогаш предност имаат пешаците, внимавајте на брзината. Исполнете ја оваа заедничка игра со разговор кој е најдобар начин на кој децата учат, разговарајте за улиците, знаците, правилата, боите... Избројте ги знаците, пешачките премини.....Разбудете го детето во себе и играјте ЗАЕДНО со своето дете.

Безбедност во сообраќајот е тема која секое дете треба да ја знае пред да порасне. Опасностите на патот се закана за сите нас. Од тие причини Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата ја изработи првата веб страна за децата која има цел едукација на најмладите учесници во сообраќајот и намалување на бројот на дечиња повредени и загинати во сообраќајните незгоди на патиштата во Република Македонија.

Во прилог е линк кон веб страната на која има едукативни материјали и видеа:

https://semaforko.mk/soobrakaen-bukvar

Со овие активности детето стекнува знаења за копнениот соораќај,правилата,учесниците во овој вид сообраќај.Преку игрите децата ги усвојуваат поимите големо-мало,поголемо-помало,најголемо-најмало,се стекнуваат знаења за броевите, боите односно се овозможува поттикнување на когнитивниот развој.Збогатувањето на детскиот речник е неразделив дел од секоја игра.Моторниот развој е исто така дел од детскиот развој кој со овие активности се стимулира.

Активноста е предлог на воспитувач Љ.Соколова

За крај една песна за сите генерации

Контактирајте нé

Детска Градинка Астибо © 2021 All Rights Reserved
chevron-down