ГЛЕДАЈ – РЕДИ – СПОРЕДИ
Детството е најбезгрижниот период од детството.Играта и играчките секако дека се неразделлив дел од секојдневието на секое дете.Многу често сме сведоци дека децата во својата игра користат многу предмети од секојдневниот живот.Не секогаш нашето дете ќе се израдува на купената играчка која на нас многу ни се допаднала.затоа ајде да пробаме да си играме малку поинаку со малку поинакви играчки.За оваа игра материјали ќе пронајдеме во нашата кујна.Потребни ни се лажички и вилушки.
На листови хартија нацртајте различни комбинации од поставеност на лажички и вилушки. Започнете со едноставни цртежи (една вилушка, една лажичка).
Постепено зголемувајте ја тежината на цртежите со зголемување на бројот на вилушки и лажички на цртежот.
Менувајте ја просторната поставеност на елементите во цртежите. Детето добива цртеж , а тоа треба да се обиде до цртежот да ја направи истата комбинација користејќи пластични вилушки и лажички. Постепено му даваме посложени комбинации. Свртете ја секоја комбинација на лево или десно и ќе добиете уште една комбинација .
Со оваа игра кај децата се поттикнува :
-когнитивниот развој детето учи за просторните односи и релации(горе,долу,едно до друго,пред,)учи редослед,бројна количина(една вилушка,две лажички)
-фин моторен развој
-координација око-рака
-поттикнување на говор и збогатување на детскиот вокабулар,поттикнување на правилна артикулација
-позитивно социо-емоционално искуство и поттикнување на позитивни емоциии,самодоверба по постигнатиот успех
Потребни материјали:
За оваа игра ни требаат неколку пластични вилушки и лажички, хартија , фломастер.
МАЛИ ДЕТЕКТИВИ
Во продолжение предлог за активност која малку ќе не раздвижи,а движењето е она што децата навистина го сакаат.Кога пак движењето е во комбинација со одреден предизвик кој треба да го совладаат детското задоволство е уште поголемо.
Активноста која ви ја предлагаме е активност која е реализирана со децата од групата на Ј. Кукушева и В.Петрова.Истата многу лесно може да се реализира дома со употреба на леплива трака која може да ја поставите Пр. помегу ѕидовите во ходникот или помегу неколку столови.
Направете мрежа од ленти кои се поврзани помеѓу столчиња . Детето добива задача да земи коцка, или друга играчка да ја пренесе преку препреките и да ја стави на определено место на другиот крај од препреката ( може да биде кутија во која ќе ги става сите предмети, или повеќе кутии во кои ќе ги става предметите според вид пр. коцки, кукли, дрвени лажици и тн. Препреката треба да ја премине внимателно одејќи низ мрежата без да ја допре лентата, или пак со лазење под мрежата. Играта може да ја збогатиме со музика.Детето треба да се движи дури ја слуша музиката а кога музиката ќе престане тоа треба да застане во положбата во која е и да остане така дури повторно да се слушне музиката.Кога ќе проодолжи музиката детето продолжува да се движи.
По завршувањето на пренесувањето на елементите,играчките истите може да ги преброиме,да ги подредиме,да ги споредиме во должина,да ги класифицираме по боја,ги броиме чекорите до целта......
Предлог музика за оваа активност
https://l.facebook.com/l.php?u=https%3A%2F%2Fwww.youtube.com%2Fwatch%3Fv%3Dlp6z3s1Gig0%26list%3DRDYpAbKiMK6dw%26index%3D2%26fbclid%3DIwAR1II6qrj1HnM7qTKfXMvjQwEt2D1odZh529NPP67FPbqujQ-qgYwj850ME&h=AT2DjKMdEVGnt2sdalQhyZt-IfIbZHY0SZDjSURt4houxW2MYBcTZ1nao8D2bjY7IbyGSgHbjlpa8wMWfFxWXzGvy0ULq-oT2ay6-ZbfdVTTpvhvTSITHfwnVa5ITPzUuL4
Потребен материјал :
Столчиња, лента во боја, елементи за пренесување по избор .
Со оваа игра кај детето се поттикнува развојот на
-груба моторика
-фина моторика
-координација на движење
-активно слушање
-когнитивен развој(се движиме над,под,помегу,бројна количина)
За крај уште еден предлог
https://l.facebook.com/l.php?u=https%3A%2F%2Fwww.youtube.com%2Fwatch%3Fv%3DMISmuT2Wj8Qovaa%26fbclid%3DIwAR2yfK8sEjI3dNH1xfdLMV24GIFUsainkRbdhLYrrztvxPUaawQaTyTfjbI&h=AT0ME1NWaJ5PwB3RRa6N5-qGYWc21z0P5uMmDBALw_t-jUMPj0Vw9xOl-mDBlqoL3p2HlrYZgYWk1FBRqdAnuBRkKP0eRKgHg4roan9KRPuLvZTyPYUT6bC28uhf9chdsg