Човечкото тело е поделено на две симетрични половини , лева и десна страна со замислена линија која се нарекува медијална линија. Преминувањето на истата е од големо значење за развојот на детето. Во основа преминувањето на медијалната линија значи способност на деловите од телото да вршат одредена актовност на спротивната страна на телото. Пр.со левата рака да се допре десното колено . Пред да се појави оваа способност малото дете е способно да ја користи левата рака само на левата страна ,а десната само на десната страна од своето тело.Пр.со десното раче го дофаќа десното ноже.
Оваа способност се јавува спонтано како резултат на детскиот развој, но стимулирањето на истата е од големо значење за целокупниот психофизички развој на детето. Таа овозможува зајакнување на врската помеѓу двете мозочни хемисфери. Преминувањето на оваа линија со доминантната рака овозможува нејзино подобрување во однос на фината моторика која пак во подоцнежниот развој е во основата на описменувањето и способноста за пишување.
Недоволно развиената способност за поминување на медијалната линија води до потешкотии во процесот на пишувањето и од аспект на поставеноста на телото за време на пишувањето, односно детето не можејки да ја постави десната рака на левиот дел од листот го поместува целото тело на лево или пак има потреба целосно да го сврти листот хартија. Ваквата лоша поставеност на телото води до различни видови на деформитети на грбот.
Ајде да си играме вака, да се забавуваме , да растеме и да се развиваме.
1.Цртаме виножито
Детето седи на подот а пред него ставаме поголем лист хартија и боички. Да се обидеме да цртаме виножито, така што детето ја држи боичката во десната рака и започнува да црта полукруг почнувајки од долното лево ќоше и продолжува да се движи кон долното десно ќоше. После неколку нацртани линии на овој начин детето нека се обиде да црта линии користејки го левото раче. Сега цртањето на полукружните линии ги започнува од долното десно ќоше и детето ја движи раката кон долното лево ќоше.
2.Игра „Том и Џери“
Оваа игра е добро позната на сите родители . Да им ја пренесеме оваа интересна игра-бројалка која ја овозможува способноста на детето да ја преминува сопствената медијална линија. Децата во ритам на песната мегусебно се допираат со своите дланки. Десната дланка ја допира десната дланка на другото дете, левата дланка ја допира левата дланка на другото дете.
3.Пренесуваме играчки
Детето е седнато на подот а од неговата лева и десна страна ставаме два поголеми сада. Во едниот сад ставаме играчки. Детето ги зема со десна рака играчките кои стојат од неговата лева страна и ги префрла во садот од десната страна. Можеме да играме и со левата рака префрлајки ги играчките од десниот во левиот сад.
4.Градиме кули во две бои
Пред детето ставаме коцки во две различни бои.Од едната стран ставаме црвена а од другата жолта.Детето ќе гради кули, но темелот на кулите го поставуваме ние така што стои на спротивната страна од коцките во истата боја.Пр.Детето со десната рака зема од жолтите коцки и ги поставува врз жолтата основа која се наога на спротивната страна. Со левата рака ги зема црвените коцки и ги поставува врз црвената основа која се наоѓа на неговата лева страна.
5.Ајде да вежбаме
Во оваа игра нема точни инструкции, единствено што треба да внимаваме е детето со левата рака да ги допира деловите од десната страна на сопственото тело а со својата десна рака да ги допира деловите од левата страна на сопственото тело.Пр.Со лева рака допри го десното колено.Може да седи ,да стои да лежи. Креативноста во оваа игра е безгранична
6.Редиме цевчиња во вертикала
Пред детето во два сада ставаме исечкани парченца од цевки во две различни бои(црвена и сина).На два сунгери набодуваме стапчиња на кои што детето ќе треба да ги нанижува парченцата цевки. Во играта детето ги зема црвените парченца кои се наогаат на левата страна со левата рака и ги реди на стапчето кое се наоѓа од десната страна. Сините цевчиња ги зема со десната рака и ги нанижува на стапчето кое се наоѓа лево од него.