Светската конференција за благосостојба на децата во Женева, Швајцарија, го прогласи 1 јуни да биде Меѓународен ден на детето во 1925 година. Овој ден обично се одбележува со говори за правата и благосостојбата на децата, но ние вработените во детските градинки користејќи ја својата креативност , инвентивност и ентузијазам сакаме во одбележувањето на овој ден ЗАЕДНО со децата да се дружат и нивните родители, затоа што тоа претставува бескрајна радост за децата.
Денес, за жал, заради состојбата во која се наоѓаме, децата од голема група не можеа на традиционален начин – ЗАЕДНО со своите родители да бидат дел од манифестацијата „ РАСТЕМЕ СО ИГРА “ , па затоа погледнете дел од спомените на децата од нашата установа. Ова е мало внимание и начин да им посакаме успех во чекорењето во животот на нашите идни првачиња.
Со љубов од градинката „ АСТИБО“.