Празникот на градот е и патронен празник на нашата установа - Детската градинка „Астибо“ од Штип , кој го посветуваме на подигање на еколошките стандарди во начинот на размислување и воспитување на родителите и на децата кои се згрижени во нашата установа.
Во време на глобално затоплување и загадување на околината, ние вработените од установата која е единствена ЕКО - ГРАДИНКА со добиени четири пати Зелено знаме во нашата Република, заедно со поддршка од родителите ја започнуваме кампањата „НАПРАВИ НЕШТО ДОБРО ЗА СВОЕТО ДЕТЕ “, а нема подобро нешто од поттикнување и стекнување на навики за зачувување на околината . Голема благодарност упатуваме до родителите и децата кои својата омалена облека ја донесоа во градинката, од која што дел подаривме на детското одделение од Клиничка болница Штип.
Децата од најрана возраст треба да ги подучуваме кон стекнување на навики кои подоцна во животот ќе бидат нивна карактерна особина а тоа е да ги научиме да подаруваат, да споделуваат со другарчињата, да ги користат и реупотребуваат играчките, сликовниците, омалената облека.