НЕДЕЛА НА ДЕТЕТО 02.09 – 08.09.2017

Секое дете е цвет на овој свет, а децата кои  доаѓаат во детската градинка „Астибо“ се наша најубава, цветна градина. За нив постоиме, за нив секојдневно се грижиме, со сета наша љубов сме им посветени секојдневно, да ги развијат своите вештини и да полетаат како птици во бескрајното царство на знаење, умеење, мудрост – едноставно живот. Заедно со нивните родители се трудиме да им овозможиме стимулативна средина за живот во која ќе можат да ги остварат своите права, кои подоцна пак прераснуваат во обврски за понатамошен развој , кои се дел од кругот на животот.

Денес децата  од средна и голема група од сите објекти на детската градинка „Астибо“, уживаа во спортските активности „Мала олимпијада“ , која традиционално ја организираме во спортската сала „Јордан Мијалков“, за што сме благодарни на тимот од УГД кои ја поддржуваат оваа наша активност, а на крајот добија изненадување  од нашите поддржувачи и пријатели тимот на Чунга Лунга кои со својата маскота ја зголемија радоста на децата.  За да биде задоволството поголемо се потрудија и нашите поранешни другарчиња кои сега се ученици во основните училишта со изведба на неколку  танцувачки игри. Уживањето беше заедничко и веруваме дека ќе имаме можност повторно да се дружиме. На крај благодарност до сите родители и гости кои беа верни навивачи од трибините.

Контактирајте нé

Детска Градинка Астибо © 2021 All Rights Reserved
chevron-down