НЕДЕЛА НА ДЕТЕ

Секоја прва полна недела од месец октомври се слави како Недела на детето, согласно меѓународните конвенции. Ние вработените во детската градинка „Астибо“, секојдневно максимално сме посветени на децата, но  во текот на оваа недела организираме повеќе активности кои имаат спортско - рекреативен и забавен карактер преку кои децата се социјализџираат, се дружат меѓусебно , се запознаваат со другарчиња од другите градинки, со другарчиња од други градови и секако остваруваат и дел од своите загарантирани права како што се :

  • ПРАВО НА СПОРТ - учество на Мала олимпијада од сите деца од 4 - 6 годишна возраст,              учество на Игри без граници во Скопје, каде што учествуваат и деца од Крива Паланка, Куманово;
  • ПРАВО НА КУЛТУРА - посета на театарска претстава во НУ Народен театар - Шушкава приказна, ЗАЕДНО РАСТЕМЕ - театарска претстава од воспитувачките за децата
  • ПРАВО НА РОДИТЕЛСКА ЉУБОВ,
  • ПРАВО НА ОБРАЗОВАНИЕ - изработка на беџ, ѕиден весник со права но и обврски на децата дома и во градинка,
  • ПРАВО НА СРЕЌНО И БЕЗГРИЖНО ДЕТСТВО - исполнето со игра, песна дружење и смеа.
All-focus
All-focus
All-focus

Контактирајте нé

Детска Градинка Астибо © 2021 All Rights Reserved
chevron-down