ОСНОВНИ ЕЛЕМЕНТИ НА ПАТОТ

Децата за безбедноста во сообраќајот би требало да ги учиме од мали, затоа што децата кои се однесуваат одговорно во сообраќајот како мали, ќе се однесуваат одговорно и како возрасни личности.

Заради своите психофизички карактеристики (малиот раст, зависност од други и сл.) децата спаѓаат во една од најранливите учесници во сообраќајот.

Малите деца и децата на предучилишна возраст тешко ја одредуваат насоката на движење на возилата и не можат да ја следат брзата  промената во текот на движењето на истите. Децата немаат доволно искуство ниту знаење за безбедното учество во сообраќајот, а на нивното движење често влијае емоционалната состојба и импулсивноста. Од друга страна на возачите им е тешко и непрегледно да ги видат децата, посебно кога возилото се движи наназад.

За сите пешаци и велосипедисти многу е значајно да на време ги научат правилата за безбедно однесување.

Вие, како возрасни личности со свои примери треба да им покажете на децата како да се однесуваат да би билe што побезбедни во сообраќајот, да се придржувате до сите правила-задолжително ставајте сигурносен појас во текот на возењето, возете со прилагодена и приспособена брзина што одговара нa патот, не користете мобилни телефони во текот на возењето и сл.

Разговорот за основните елементи на патот меѓу кои спаѓаат: УЛИЦА, ТРОТОАР, ПЕШАЧКИ ПРЕМИН, СООБРАЌАЈНИ ЗНАЦИ И СЕМАФОР може да се одвиваат секојдневно.

-Малите деца секогаш држете ги за рака кога сте на улица

-Учете го детето на најважните правила:

  • ТРОТОАРОТ е најсигурното место за движење на пешаците
  •  
  • Никогаш да не истрчува на улица кога ќе го види другарчето, по топката или некоја друга играчка
  • Да ја поминува улицата на обележан ПЕШАЧКИ ПРЕМИН
  • Никогаш да не претрчува на пешачкиот премин
  • Доколку се минува на СЕМАФОР , повторно да се внимава на сите страни иако е вклучено зеленото светло.
  • Да го усвои правилото на поминување преку УЛИЦА –застани, чекај, гледај лево-десно, пак лево, па слушни и потоа тргни
  • Да не се игра на паркинг и улица
  • Улица не се минува помеѓу паркирани возила
  • Ако вашето дете треба да тргне во прво одделение, изберете го најсигурниот пат до училиштето и вежбајте го со детето сигурното движење до училиштето

Разговорот за правилата во сообраќајот може да ги водиме секој ден кога шетаме со детето, а дома можеме да играме различни игри со оваа тема.

                                                 СЕМАФОР

1.Крстосница краси тој                                  2.Црвеното вели СТОЈ

Чува живот мој и твој.                                      секој в миг да запре,

Намигнува со три очи                                      жолтото подготви се

во ред и без почин.                                          зеленото напред.

ПРЕКУ УЛИЦАТА

Љубица се чудеше зошто мајка и и велеше секогаш кога ја поминува улицата да погледне лево и десно, а не горе кон птиците и месечината. Си повторуваше таа секое утро:

-Треба да поминам кога е зелено на семафорите, исто како што пеперутките лесно поминуваат по зелената ливада-и почнуваше да потскокнува на тротоарот.

Чантата на нејзиниот грб чиниш секој миг ќе се отвореше и од неа ќе излеташе подобран кој за миг ќе ја спуштеше Љубица во дворот од нејзината градинка.

Газеше по пешачкиот премин нежно, како да гази по облаци. Автомобилите застануваа, ветрот се сокриваше во нејзината коса.

Нејзината насмевка преминуваше брзо врз лицата на луѓето од другата страна на улицата.

Побрзо од нејзината мала сенка со големо срце.

А сега еве предлог неколку активности од кои се надевам дека зеднички ќе се потрудите да им ги доближите на децата основните правила во сообраќајот.

1.Направи слатко задоволство.... 

За оваа активност потребни ви се следните состојки:Бисквити,крем,шарени бомбончиња,чоколада по ваш извор.

Подготовка:Се растопува чоколадата и оставете го детето само да ги измачка бисквитите со крем ги спојува,а потоа се натопуваат во растопеното чоколадо.Кога малку ќе се зацврсти одозгора се ставаат од шарените бомбончиња (црвено ,жолто и зелено) и така добивате вкусен сладок оброк во облик на Семафор.

2.Запознај ја околината!

Со детето шетаме во нашата блиска околина.Разговараме како е правилно да се движиме по улицата и тротоарот.Ги набљудуваме сите сообраќајни знаци кои ги среќаваме на патот.Ги опишуваме по боја,форма и нивно значење (знаци за забрана ,знаци за известување и знаци за опасност).

Потоа може да се нацрта различни сообраќајни знаци,детето да ги избои (додека ги бои се разговара со него како е формата на тој знак,по што се разликува од другите,на што треба да се внимава кога ќе видиме таков сообраќаен знак и сл.)

Оваа активност води кон развој на социоемоционалната перцепција кај децата,

Оспособување за јасно изразување и правилно составени реченици,да се поттикниваат одредени претстави и поими од областа на сообраќајната култура и современата техника и технологијата на комуникација.

Активноста е предлог на воспитувач Н.Мусева

За крај да ја надополниме оваа активност со песничка за сообраќајот

Контактирајте нé

Contact Form Demo (#1)
Детска Градинка Астибо © 2024 All Rights Reserved
chevron-down