ОТВОРЕНИ СПОРТСКИ ИГРИ

Радост, среќа, уживање за децата,а преку игра и забава правилно поттикнување на физичото здравје и моторен развој кај децата кои се важен фактор за севкупен раст и развој на предучилишните деца. На денешниот настан, активно учествуваа децата од средна група од сите објекти на градинка „ Астибо“ со трчање на крос, за што победниците во женска и машка конкуренција добија награди. Децата од голема група од сите објекти се запознаа и учествуваа во повеќе спортски дисциплини, но имаа и игри преку кои правилно се поттикнува рзвојот на моториката, координацијата на движење, ориентација во простор , прецизност и најважно од се`, дружење, почитување на правила, навивачки дух. Затоа користете го секој слободен момент и спортувајте заедно со вачите деца.

Контактирајте нé

Детска Градинка Астибо © 2021 All Rights Reserved
chevron-down