ПОЛЖАВОТ-ПРИЈАТЕЛ НА ДОЖДОТ

Пролетта е овде, а со неа и пролетните дождови. Знаете ли кој најмногу ги сака дождовите? Полжавите! Кога е врнежливо, полжавите сакаат да се шетаат. Чести гости се во нашите дворови, паркови, па дури и во дворот на нашата градинка.

А, како изгледа полжавот?

Полжавот е животно кое секогаш си ја носи својата куќичка со себе, има две рогчиња на главата и кога ќе се исплаши влегува во куќичката со своето тело кое по малку личи на црв. Еве еден полжав:

Snail Cartoon Images, Stock Photos & Vectors | Shutterstock

Во оваа интересна  приказна се раскажува како се буди полжавот од зимскиот сон.

Пролетно будење

Едно утро полжавот слушна чукање на вратата од својата куќичка

-Тук , Тук, Тук

Полжавот: Кој чука, кој ме буди?

Дождот: Дождот!

Полжавот: Кој дожд?

Дождот: Топлиот пролетен дожд!

Полжавот: Ај, пролетта дошла, а јас уште спијам! (Полжавот ја подотвори вратата од својата куќичка, го подаде едното рогче, го помириса свежиот пролетен воздух, па кога се увери дека пролетта вистински дошла, ширум ја отвори вратата)

Врапчето: Добро утро, спанко! Си мислев дека нема да се разбудиш, дека нема никогаш да излезеш од својата куќичка.

Полжавот: О Врапчо, добро утро! Среќна ти пролет!

Врапчето: И тебе, соседу!

Полжавот: Ама сум се успал! Што има ново?

Врапчето: Се е ново! Штркот си дојде од југ, си дојде и ластовицата. Кајсиите и сливите расцветаа. Буба мара соши нов фустан. Ежот се пресели во нов стан...

Врапчето: Почекај  соседе, заборавив што сакав да ти кажам. Време ми е да појадувам (врапчо ја лапна мувата)

Полжавот: Пријатен појадок соседу! А сега ќе прошетам малку за да ги видам и поздравам и другите соседи и да им ја честитам пролетта.

ЗАЕДНО со детето разговарајте за настаните од приказната.

Кој го разбудил полжавот? (дождот)

Каде ја носи полжавот својата куќичка? (на грбот)

Со кого разговарал полжавот? (со врапчето)

*Автор Глигор Поповски

После оваа интерсна приказна обидете се да изработите мало убаво полжавче.

 Изработка на полжав со природен материјал

Потребен материјал: черупки од ореви (или куќички од полжави, претходно собрани од парк или плажа) и пластелин.

Оревчето нека ни биде куќиката на полжавот, а додека телото ќе му го направите од пластелин.

Измесете го добро пластелинот и оделете едно поголемо парче и две помали. Направете го телото на полжавот од големото парче, на кое ќе му додадете две рогчиња, направени од двете помали парчиња пластелин.

Потоа на големото парче пластелин од кое го направивме телото, додадете го оревот/куќичка.

Цели на активноста: Да се поттикне користење на движењата на прстите и дланката за конкретна цел и развивање на координираност помеѓу окото и раката.

Ајде да набљудуваме

Секогаш кога имате можност ЗАЕДНО со вашето дете набљудувајте ја природата.Полжавите може многу често да ги видиме во тревата особено после дожд.Искористете ја природата со сите нејзини убавини за да го збогатите детското знаење.Играта надополнета со набљудување, разговарање е вистински начин на учење кој за  сите деца е најприфатлив и е во склоп на нивните психофизички карактеристики.

Активностите се од значење за:

-Когнитивниот развој :се збогатуваат детските знаења за полжавот, природата, боите,формите

-Фин моторен развој: манипулирањето со материјали за моделирање се активност која е од огромно значење за подобрување на манипулативните способности.

-Говор : секој момент на игра проследен со говор е вистински начин за збогатување на детскиот речник

За пролетното будење, да запееме една пролетна песничка.

Активноста е предлог на воспитувач Љ. Соколова

Контактирајте нé

Contact Form Demo (#1)
Детска Градинка Астибо © 2024 All Rights Reserved
chevron-down