Знаеме дека со доаѓањето на пролетта се буди целата природа.Се буди тревата,се будат цвеќињата,се будат дрвјата,се будат инсектите.
Во прилог на тоа ви презентираме интересен расказ за инсектите и нивната дилема околу тоа кој е најработлив.
КОЈ Е НАЈРАБОТЛИВ ?
Сонцето е насмеано. Пролет е. Дрвјата цутат. А и цвеќињата исто така. Тревата е бујна. Славејот е распеан. Штурецот неуморно свири. Пеперутката танцува. Тука е и осата. А и бумбарот брмчи. Пролетта сите ги собра на веселба. Само мравката како да не гледа ништо околу себе... Ах, не, не е само таа... А пчелата? Постојано лета и се бакнува со цвеќињата... -Дојди и ти мравко - ја покани штурецот. - Со нас напролет е највесело. -Убава е радоста, штурецу - мравката си ја избриша потта од челото. - Ама немам време. Семејството ми е големо. Ќе треба храна кога ќе дојде зима. -А ти пчело? - тој и се обрати и нејзе. - Зошто ти не ни се придружиш? - Ти благодарам, но... дури и од мравката имам повеќе работа. Мравката се изненади. И праша - Зошто твојата работа е поголема од мојата, пчело? - Пролет е, мравко, дрвјата цутат. Заедно со ветрот треба да им ги опрашиме гранките за да дадат богат род. Зашто без овошје, што би правеле луѓето? - и одврати пчелата. - А сега и цвеќињата цутат. Полни се со полен. Ние пчелите, работиме и за своите семејства, но и за здравјето на луѓето. Што ќе прават децата ако не им собереме мед? Мравката не рече ништо. Само си ја продолжи работата. А и штурецот не се откажа од својата виолина. Но и пчелата не престана да се бакнува со цвеќињата. Секој со своите задачи и со она за што го надарила природата.
Извор – списание за деца „ Росица“
ЗАЕДНО со вашето дете уживајте дури им ја читате оваа убава стихотворба за пчелката.
ПЧЕЛКА
На ливада трева
На тревата цвет
На цветчето пчелка
Со грне за мед.
Ај пчеличке летај
Од цвет на цвет
Наполни ми пчелке
Три грниња мед.
Две грниња пчелке
За тато и мама
А третото кому
Ти знаеш и сама.
-Мојата пчелка
Најпрво исечете од жолтата хартија парче за да ја обвиткате и залепите ролничката од тоалет хартија. Потоа исечете три тенки лентички од црната хартија и залепите ги, нацртајте антенките на пчелката, исечите ги и заепите ги. Од сивата хартија во боја нацртајте ги нејзините крилца , исечете ги и залепите ги. На крај ги нацртајте очи и уста. Така оваа интересна и лесна изработка за кратко ќе биде готова.
На крајот на оваа активност една интересна игричка со пчелките кои се највредните и најработливите исто како дечињата. На лист од блок или хамер нацртајте им на децата полиња во разни бои, а помеѓу нив цветови. Пчелката најпрво тргнува од виолетовиот цвет, го започнува својот пат од една до друга со соодветна боја на круговите(виолетова) и притоа треба да изброиме колку кругови поминала за да се врати повторно до виолетовиот цвет . Играта е доста забавна и интересна за децата , па затоа родители забавувајте се ЗАЕДНО со своите деца .
Овие активности кај децата овозможуваат-поттикнување на говорот и збогатување на детскиот вокабулар
-го поттикнуваат развојот на фината моторика
-ја поттикнуваат креативноста и истрајноста во извршување на активноста
-поттикнуваат интерес за учество во музички и ликовни активности
Активноста е предлог на воспитувач Ј.Цурева
На крајот од овој сладок ден да завршиме со една песничка за љубовта помегу пчелата и цветот.
https://l.facebook.com/l.php?u=https%3A%2F%2Fwww.youtube.com%2Fwatch%3Fv%3DHsmz5fZURKI%26fbclid%3DIwAR3PgrgpEuo8eG1HmLzR0zZB9slDADYLEQ9h4e2_T_6b2CinrhlP9fLMYGA&h=AT01RMwJS27QoPP2bTmXjd7kAjj-RgBt4jyDQRWo7ClsvIDwpw2vQFDIdOiGP2l2kPyll8Pesx4Sq_geCS2-y39iBettIFxhVjEKZWnFiMxPbJBCuZzAhlw-ePEnarPqTw