РАЗИГРАНИ БРОЕВИ

Здраво дечиња додека сме дома сакам да ве запознам со неколку игрички,кои ќе допринесат да се чувствувате исполнето и задоволно,бидејќи додека вежбаме ние играме, се забавуваме и учиме.

Во оваа активност ќе се запознаеме со повеќе игрички, така што  ќе можат да ја играат и дечињата од помалa возраст од 3-4 год. преку која ќе се запознаат со поимите  повеќе и помалку. Во оваа активност децата учат за количина, број, броење, повеќе-помалку, ја развива и фината моторика.

За активноста се потребни каменчиња или разноврсни зрна на пр. пченка, гравче, може за помалите гужвани топчиња кои сами ги туткаат....,5 чиниички, и напишани картончиња со цифри на броевите  од 1 до 5.

Колку ми треба?

На листови од хартија пишуваме цифри на броеви од 1 до 5 а до секој лист ставаме празна чинија. Детето треба во чинијата да стави каменчиња според бројката која е дадена. Додека ги става каменчињата ги брои.

Погоди во целта.

Во втората активност бројчињата ги разместуваме, а детето треба со фрлање на каменчиња да погоди во чинијата според дадената бројка. Додека ги фрла треба да ги брои.

Препознај ме и пронајди ме.

Како трета активност на подот се ставаат листови со бројчиња од 1 до 5. Потоа детето треба да извлече бројче од 1- 5  кои ги држам во рака. Детето треба да застане на бројот кој го извлекло. За оваа активност се потребни бројчиња од 1 - 5 напишани посебно на лист, апликации со бројчиња. Откако ќе го препознае бројот и ќе застана на соодветниот број може да побараме од детето да скокне онолку пати колку што е напишано на бројот на кој стои.пр. Ајде да скокнеме како зајче  4 пати. Ајде да скокнеме на една нога 2 пати.

Броиме до пет

По еден краток стих за секој број од 1 до 5.Читајте ги заедно со вашите деца и обидете се да запомните некои од нив.Стиховите со илустрации се во прилогот со слики.

После скокањето и броењето, да прололжиме со броење на прстињата со песничката за петте прстиња.

ПЕТТЕ ПРСТИЊА

Ова прсте дрва сечи,

Дрва сечи,гора ечи.

Ова прсте вода влече,

дома влече, пот му тече.

Ова прсте дома седи,

дома седи, дрва реди.

Ова прсте в оган клава

И вечерица им дава.

Малечкото сал се смее

Јаде, пие и се грее.

Овие активности се поврзани со домените когнитивен развој и физичко здравје и моторен развој. Овозможуваат поттикнување на когнитивниот развој преку усвојувањето на броевите, бројните количини, поимите повеќе и помалку, утврдување на бројна низа...

Се поттикнува развојот на целокупниот моторен развој, како на крупната така и на ситната моторика.Поттикнувањето на говорот и правилното говорно изразување е исто така опфатен со оваа активност како и збогатувањето на детскиот речник.

За крај една интересна песна.Броевите име се интересни и на децата и на возрасните па сите сакаат да пејат за нив.Повелете линк

https://l.facebook.com/l.php?u=https%3A%2F%2Fwww.youtube.com%2Fwatch%3Fv%3DTi01iCA83kY%26fbclid%3DIwAR18rrmwBYDq1PMQEPHjx9bWFWnokb5S-Oo_o-oqFQZmmReyPuJCzIswulU&h=AT3UEBgFd-yzTzrF8dBZUILG7IDyfEqkLn9m9nBy18fVRRHxb_Vn2Ckzwqdtc3xUU0DXrwdDm_Wyu9RdnnCUjXrXhyx_TaZw5kUoo7QKo30gYYW5qaLLMu1XlsdNQhr1NvI

Оваа активност е предлог на воспитувач Л.Симонова

Контактирајте нé

Contact Form Demo (#1)
Детска Градинка Астибо © 2024 All Rights Reserved
chevron-down