Од триесетти септември до четврти октомври, директорката Б.Трајчевска и вработените во детската градинка ОЈУДГ „Астибо“ од Штип , беа домаќини на активноста - размена на воспитувачи, во која учествуваа вработени во детски градинки кои се членови на BAPTA - (Balkans Alliance of Preschool Teacher's Associations) - балкански сојуз на здруженија на воспитувачи.
Оваа манифестација за првпат се организираше во детската градинка „Астибо“ и со гордост можеме да кажеме дека бевме домаќини на дванаесет воспитувачки од Словенија, Босна и Херцеговина, Република Српска, Србија и Црна Гора со кои разменивме искуства, знаења и стекнавме нови пријатели . Освен престојот и посетата на работата во објектите , на гостите им ги претставивме знаменитостите и убавините на нашиот град и пошироко.
Во рамки на реализација на активностите во соработка со УГД - ФОН беше организирана едукативна работилница за сите воспитувачи гости и вработени од нашата установа со проф. Б. Попеска на тема „ Активно користење на пауза - BRAIN BRAKE “.
На последниот ден од престојот на воспитувачките во детската градинка „Астибо“ , беше организирана тркалезна маса на тема „ВОСПИТАНИЕТО КАЈ ДЕЦАТА ОД ПРЕДУЧИЛИШНА ВОЗРАСТ КАКО ОДГОВОР НА ПРЕДИЗВИЦИТЕ НА СОВРЕМЕНОТО ВРЕМЕ“ на која свое учество зедоа претставници од УО на БАПТА , директорите од предучилишните установи членови на БАПТА, претставници од ЛС на град Штип, деканот и професори од УГД - ФОН, каде што како заклучок произлезе потребата за почести средби , меѓусебно информирање со цел подигање на професионалните компетенции на воспитувачите и сите вработени во детските градинки кои ја вршат најодговорната и најблагородната професија.
ОЈУДГ „ АСТИБО “ ШТИП Билјана Трајчевска, директор