Денешниот празник е уште еден убав повод за поминати прекрасни моменти со семејството.Оваа година малку ќе е поразличен но се надевам ќе е исполнет со многу среќни моменти.Веќе се направени плановите како барем за кратко да поуживаме во убави моменти надвор.Тоа ќе ни пружи задоволство и среќа.
.
Но може да се случи сонцето да ни се скрие, а облаче дожд да ни донесе. Тогаш би биле малку тажни зошто нема да можеме да играме надвор.
Може и да се налутиме. А, кога се лутиме воопшто не ни е пријатно.
Но најсреќните моменти се моментите поминати ЗАЕДНО во семејството. Среќни сме и радосни бидејќи сме опкружени со најблиските:мама, тато, бато, дада, баба, дедо...Сето тоа е нормално. Тоа се така наречени емоции или чувства. Такви се: љубов, тага, среќа, лутина, страв.
Еве во приказната за Јованче и Марика која може да ја слушнете ги има сите емоции: страв, среќа, радост, лутина...
Приказната може да ја слушнете на следниот линк:
Огледало
Ајде сега со помош на родител, погледнете се во огледалце и видите се самите како изгледате кога сте среќни, тажни, лути, изненадени.
А сега земете лист хартија и ножица . Со помош на родител исечете неколку кругови и на него нацртајте среќен лик, тажен лик.
Оваа активност поттикнува кон развивање на позитивни емоции: љубов, радост, задоволство.
Исто така поттикнува кон способност за намалување на моменталниот интензитет на негативните емоции.
Активноста е во тесна корелација со доменот здравје и моторен развој и когнитивен развој и стекнување на општи знаења.
И за крај ве поздравувам со една убава, весела песна која веќе вие добро ја знаете
Воспитувач: Мирјана Алексова