СЕМЕЈСТВО Е СÉ

Во табела 2 која ја имате за пример, овозможете му на детето на крајот од денот,  само да запишува дали и колку ги следело насоките кои важат за сите членови во семејството во текот на денот. Тоа значи, дали ги почитувало сите договорени активности, навремено миење на раце, време за играње, дали јадело доволно овошје и зеленчук, и тн. Со оваа забавна активност го поттикнувате развојот на критичкото мислење кај детето, процесите на асоцијативно мислење и логичкото размислување. Верувајте дека доколку сите ги почитувате поставените начини на однесување во семејството без исклучоци, ќе бидете изненадени од тоа колку децата умеат да бидат самокритични, а вие треба само да го поддржите и правилно да го насочите овој процес.

Пример : во текот на денот треба да играте заедно игри – не лути се човече, домино или друго, да имате подвижни игри , да гледа цртани филмови 15 минути, и тн. На крајот на денот црта знак во табелата според проценката дали успешно е реализирано планираното, делумно или пак многу малку. За секоја ситуација ќе си одреди знак и ќе го нацрта . Оваа табела направете ја за време од еден месец, а потоа согледајте ги заедно резултатите. Водете ваква табела неколку месеци, верувајте децата ќе ви бидат благодарни. ( Табелите се избор од реализирани активности кај воспитувачките С.Стојанова и Н.Мусева)

Контактирајте нé

Детска Градинка Астибо © 2021 All Rights Reserved
chevron-down