Почитувани родители, во овој период додека сите престојуваме дома, кога сме упатени едни на други во семејството, имаме убава можност да ги потврдиме, да ги започнеме или пак да ги обновиме вредностите кои никогаш не го губат своето значење. Може да бидат подзаборавени но никако исклучени. Затоа низ игра и забава убаво е да се потсетиме на основните семејни вредности кои важат насекаде , а започнуваат токму тука, во вашиот дом. Семејството е прво и единствено место каде што децата го започнуваат социјалниот развој наречен живот. Секое дете е огледало на родителите, а сите ние сакаме нашето дете да биде најдобро. Сите деца се добри, со свои можности и потенцијали, а родителите се тие кои треба да го трасираат патот во најраниот период од детскиот развој. Затоа бидете позитивен пример за вашите деца.
Во продолжение ви предлагаме начини како користењето на волшебните зборови кои имаат магично дејство за сите – деца и возрасни , да станат ваше секојдневие,
Како почитувањето на семејните вредности делуваат кај сите членови на семејството.
ВОЛШЕБНИ ЗБОРОВИ
Направете табела 1 , поделете ја секоја колона на седум делови за секој ден по еден дел и запишувајте со знакче за секој убав збор по избор на детето или некој знак од печат. Уживајте во забавата.
име | МОЛАМ | ПОВЕЛИ | БЛАГОДАРАМ
| ИЗВИНИ | вкупно |
ДЕТЕ | |||||
БАТО | |||||
ДАДА | |||||
МАМА | |||||
ТАТО | |||||
БАБА | |||||
ДЕДО |
МОЛАМ
ПОВЕЛИ
БЛАГОДАРАМ
ИЗВИНИ
НЕ КАЖАЛ ВОЛШЕБЕН ЗБОР
НАГРАДА ?????????
ПО ВАШ ИЗБОР
КАКО ПОЗДРАВУВАМ
1 2 3
Ако сретнам другарче Наутро ДОБРО УТРО На вечер - ДОБРА ВЕЧЕР
ке му речам ЗДРАВО! секогаш поздравувам. секому сакам,
Тато ке ме пофали Напладне со ДОБАР ДЕН и често поздравувам
браво,браво,браво. секому се јавувавм. со крената рака.
4 5
Штом некој си легнува Патник кога сретнувам
и се смири ѕвон, го сметам за брат,
обично поздравувам со поздрав го испаракам
ДОБАР, ЛЕСЕН СОН. СРЕКНО!ДОБАР ПАТ!
Во текот на денот кога енергијат од детето излегува како експлозија, посветете му внимание и заедно играјте на пр. народен танц – оро. Ќе научи да брои , ќе развие љубов кон заедницата и патриотски чувства кон татковината. ЗАЕДНО уживајте.