Тивко превозно средство,на две тркала.
Нема потреба од резервоар за храна.
Природата со гасови не ја загадува,
Задоцниш ли на работа- те спасува
Што е тоа???? * ВЕЛОСИПЕД*
Велосипедот спаѓа во превозните средства кои го сочинуваат КОПНЕНИОТ СООБРАЌАЈ.
Велосипедот е возило кое го придвижува човекот со помош на педали. Велосипедот има две тркала прикачени на рамка, едно зад друго. Човекот кој го вози велосипедот се нарекува Велосипедист.
Првите велосипеди се појавиле во XIX век и оттогаш се произведени повеќе од една милијарда велосипеди.
Велосипедите се возат по посебна патека која се нарекува ВЕЛОСИПЕДСКА ПАТЕКА.
ДЕЛОВИ НА ВЕЛОСИПЕД
Велосипедот се состои од рамка, седло, предница, предно и задно тркало , педали , кочници.
ЗАПОМНЕТЕ!
За да управувате безопасно со велосипедот неоходно е :
1.Велосипедот да е технички исправен
2.Велосипедистот да ги познава правилата на движење и строго да ги почитува
3.Добро да управува со велосипедот
4.Да носи заштитна опрема (кацига,штитници за раце и колена)
Видови велосипеди/ има неколку видови велосипеди
Трекинг велосипед –велосипед кој е добар за извршување на секојдневните обврски
Градски велосипед- комфорен велосипед кој не бара многу одржување
Преклоплив велосипед- велосипед кој се склопува и може да се пренесе каде сакаме
Крос велосипед-велосипеди кои се одлични за возење по разни терени
Комфорен тркачки велосипед- наменет за секојдневна употреба од страна на тркачките велосипедисти
Товарен, лежечки, електричен, планинарски, тандемски велосипед
При секое возење со велосипед е неопходно,да имаш на главата КАЦИГА.
Кацигата мора да биде точна величина,
затоа што,во случај на пад, ја заштитувате главата со неа.СЕКОГАШ, кога сакаш да се возиш со велосипед, стави кацига на глава, дури и ако возењето е кратко.
ПОЧИТУВАЈ ГИ СЛЕДНИТЕ ПРАВИЛА:
ДА ВОЗИМЕ, ДА СЕ РАДУВАМЕ
Искористете ја секоја можност да му овозможите на детето да вози велосипед. Најважна е детската безбедност, затоа внимавајте на просторот каде вози вашето дете,да е безбеден и без сообраќај.Возете секогаш кога е тоа можно по велосипедска патека.
МОЈАТА КАЦИГА-на лист хартија нацртајте кацига.По своја желба детео нека ја обои, нека ја декорира.Може да го напише своето име или своите иницијали.Оставете простор за креативност.
Оваа активност го поттикнува повеќе сегменти од детскиот развој.Го поттикнува когнитивниот развој и овозможува стекнување на знаења за велосипедите и велосипедистите како учесници во сообраќајот.Се овозможува поттикнување на крупната моторика и способноста за одржување на рамнотежа.Поттикнувањето на самодовербата е дел од овие активности.
Активноста е предлог на воспитувач Д.Б.Кировска
После денот поминат во возење да слушнеме една песна за велосипед.
Активноста е предлог на воспитувач Д.Б.Кировска